Aнaлиза за потребите за готвачи и келнери

Како дел од проектот SCAWNET,  беше извршено, симултано во три партнерски земји, учеснички во проектот, Македонија, Португалија и Италија, истражување и изготвена:

“Анализа за потребите за готвачи/келнери”

Со оваа анализа беше извршено скенирање на состојбите во однос на професиите готвач/ келнер, потребите на пазарот на труд, потребите на работодавачите и можностите и потребите за обуки во рамките на овој сектор.

Анализа од ваков тип за првпат досега не била направена во ни една од земјите учеснички во проектот. Анализата е изработена на четири јазици: македонски, италијански, португалски и англиски.

Оваа анализа ги идентификува недостатоците во однос на потребите на пазарот на трудот и компетенциите кои ги имаат овие професии. Исто така и ги идентификува потребите за обука во насока на исполнување на компетенциите на готвачи/келнери со потребите на работодавачите.

Истражувањето за оваа анализа покажа дека угостителскиот и туристичкиот сектор континуирано се менуваат за да ги задоволат потребите на клиентите, сето тоа влијае на барањата на работодавачите, и оттука и потребата за континуирани обуки кај професиите готвачи/келнери.

Оваа анализа претставува добра основа за изработка на водичи за обуки на професиите готвач/ келнер.

Training Need Analysis Report for cooks-waiters