Англиски јазик за компании

Курсот  за англиски јазик за компании е наменет за менаџери, професионалци и луѓе од светот на бизнисот кои сакаат да го унапредат знаењето на англискиот јазик во областа на своите бизнис интереси.

Независно дали е во прашање подготовка за конкретна задача како што е на пример подготовка на презентација или унапредување на вештините на преговарање или се работи за долгорочен развој на кариерата, нашата обука ќе ја подобри Вашата самодоверба, способност и вештини на подобра комуникација.

Нашите обуки за деловен англиски ќе ја подобрат вашата самодоверба кога зборувате и комуницирате на англиски јазик со друг природен или не-англиски говорител во деловен контектс. Вие ќе ја развиете и усовршите вашата способност за пишана комуникација како и ќе го проширите вашиот вокабулар и флуентност.

Обуките се фокусирани на вистински деловни ситуации и теми со кои професионалците и менаџерите се соочуваат во професионалниот живот, кога имаат потреба да комуницираат јасно и моќно – кога треба да се сконцентрираат на тоа што го кажуваат, а не на тоа како го кажуваат на англиски.

Нашите обуки за деловен англиски јазик се дизајнирани да произведат резултати што можат да се проверат и вистински подобрувања со силен фокус на персонализација, задоволство на клиент и советување.

Што ќе научите на обуката за управување со проекти?

  • Разговор со клиенти и колеги – да се развијат јасни и моќни комуникациски вештини а особено како да се менува тоното и да се насочите на тоа што се зборува.
  • Работа на конкретни ситуации – употреба и промена на специфични реалистични ситуации со кои професионалците се соочуваат во вашиот сектор со цел проширување на вокабуларот и практикување на сите четири комуникациски вештини во англискиот јазик (читање, пишување, зборување и случање)
  • Функција и форма – да се додаде јазична флексибилност и точност на пример специфични области на вокабулар и синоними, упатување во граматика и структура
  • Ефикасно телефонирање, повикување на состаноци и конференции – да се зголеми довербата за усно изразување и способноста за слушање. Овој дел од обуката исто така вклучува обука за интерперсонални вештини на пример Ефикасна презентација, вештини за преговарање и интеркултурална свест,.
  • Кореспонденција и извештаи – анализа на јасно пишување и читање за меил, извештаи и други деловни документи на англиски јазик.

 

Јазични курсеви