CES Тренинг центар

Тренинг центар Ц.Е.С е лидер во областите на (не)формалното образование во Македонија кој преку 14 години, со голем успех, го промовира и развива концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот.

Своето работење го засноваме во 5 области:

  1. доживотно учење
  2. преквалификација на занимања
  3. јазични курсеви
  4. преведувачки и толкувачки услуги
  5. животна средина

Mисија

Унапредување на квалитетот на животот на граѓаните преку промоција и реализација на концептот на доживотно учење, креирање и имплементација на иновативни програмски содржини, преквлификации и доквалификации согласно потребите на пазарот на трудот.

Визија

Современо општество, вкучени во модернизациските текови, кое поттикнува прогресивни идеи, почитувајќи ја различноста во секоја форма.

Цели

Сакаме да креираме:

  1. општество на функционално писмени граѓани кои во целост го прифаќаат концептот на доживотно учење
  2. општество кое ги почитува принципите на одржлив развој

 

ВРЕДНОСТИ за кои се залагаме и ПОСТУЛАТИ на кои почива Тренинг центар Ц.Е.С.?

КВАЛИТЕТОТ е секогаш на прво место

УЧЕЊЕТО го сметаме за непрекинат процес и предуслов за секаков развој

РАЗВОЈ е последица на мислење и делување

ИНОВАТИВНОСТА е предуслов за секој напредок

ДОВЕРБАТА долго се гради, а брзо се губи. Свесни сме за тоа.

ОТВОРЕНОСТ за нови идеи, иницијативи и партнерста

СОРАБОТКАТА е предуслов за успех

РАЗЛИЧНОСТА отвора видици и внесува свежина