Обуки

Еднодневна обука за функционална анализа во Скопје

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство Ви испраќаме

ПОКАНА ЗА ЕДНОДНЕВНА ОБУКА НА ТЕМА

ФУНКЦИОНАЛНА АНАЛИЗА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

Селекција и вработување, унапредување, видови вработувања мобилност и изготвување на акти за внатрешна организација

Обуката  ке се одржи  на датум:  03.04.2019 во просториите на Тренинг Центар ЦЕС. Обуката е наменета за директори, правници, човечки ресурси и сите заинтересирани за оваа проблематика , предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите. Обуката ке се реализира  од страна на експерт- предавач  со долгогодишно работно искуство во Министерство за Информатичко Општество  

 

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

Функционална анализа во јавниот сектор

Цели на функционалната анализа

Правен основ за спроведување

Моделот на функционалната анализа

Функциите како основа на функционалната анализа

Спроведување на функционалната анализа

  • Почеток на спроведувањето   
  • Формирање на Тим      
  • Организирање на процесот
  • Анализа на документи
  • Собирање информации за расположливите човечки и други капацитети        
  • Прибирање податоци за перцепцијата на вработените во институцијата        
  • Прибирање податоци за организациските единици   
  • Спроведување интервјуа          
  • Анализа и категоризација на функциите           
  • Анализа на информациите и евалуација според критериумите            
  • Извештај од спроведената анализа     
  • План за подобрување

Селекција и вработување на адмнистративни службеници

  • Барање за објавување на јавен оглас
  • Комисија за селекција на кандидати
  • Фази на постапката за селекција (административна селекција, испит за административен службеник и интервју, базирано на компетенции)
  • Одлука за избор
  • Решение за стекнување на статус на административен службеник

   Унапредување на административен службеник

  • Барање за објавување на интерен оглас
  • Комисија за селекција за унапредување
  • Фази на постапката за унапредување
  • Одлука за избор
  • Решение за унапредување на административен службеник

Видови вработувања и мобилност во јавниот сектор

  • Видови вработувања, со посебен осврт на вработувањата на определено време
  • Мобилност на вработените во јавниот сектор (распоредување во рамки на иста институција и преземање од една во друга институција во јавниот сектор)
     

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот .

Ве молиме за навремена достава на пријавата поради голем интерес. Краен рок на доставување на пријавите е 29.03.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Обуки

Pages