
Обука за Најчести грешки во канцелариско работење
Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование, центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство Ви испраќаме
ПОКАНА ЗА ЕДНОДНЕВНА ОБУКА НА ТЕМА
НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ И ПРОПУСТИ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКОТО РАБОТЕЊЕ И НОВИНИТЕ ШТО ПРЕТСТОЈАТ ВО ОВАА ОБЛАСТ
Обуката ке се одржи на датум: 17.04.2019 во просториите на Тренинг Центар ЦЕС. Обуката е наменета за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и унапредат техниките на канцелариското и архивското работење и да го усогласат своето работење со важечките законски прописи. Обуката ке се реализира од страна на експерт - предавач со долгогодишно работно искуство - Каролина Стојановска-Богдановска – Државен управен инспекторат
ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА
Тема 1 - Основни техники на канцелариското работење
- Презентирање на законските и подзаконските акти за канцелариското и архивското работење
- Најчести проблеми во работењето
- Дискусија и примери од пракса
(Дефинирање на основните поими во канцелариското и во архивското работење: архивски материјал, документарен материјал, документ/запис, конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал, имател на архивски материјал и сл.
Тема 2 - КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ (Хартиено или електронско)
- Овластувања кои треба да ги издаде функционерот според прописите за канцелариско и архивско работење
- Овластување за прием прегледување и распоредување
- Овластување за ракување со печати и штенбили
Тема 3 Штенбили и печати на еден орган
- Приемен штенбил
- Роковен штенбил
- Печат и др.
- Евиденција на печати
(Обрасци за пополнување, вежби и практична примена)
Споредба помеѓу јавен и приватен архивски материјал: права и обврски на имателите на јавен и на имателите на приватен архивски и документарен материјал;
Основни техники во канцелариското работење:
Како се води основната книга за евиденција – деловодник,
Како се водат помошните книги за евиденција,
Како се изработува План на архивски знаци, Листа на архивски материјал и Листа на документарен материјал со рокови за негово чување,
Електронско канцелариско работење (практична работа и практични примери);
(обрасци за пополнување, вежби и практична примена)
Книги за евиденција (начин на заведување, пренос, поврзување , исправка на погрешно запишан текст и заклучување)
- Деловодник
- Попис на акти
- Уписници
- Интерна книга
- Книга за место
- Книга за пошта
(Обрасци за пополнување, вежби и практична примена)
Тема 4 -Архивско работење ( приватен и јавен сектор)
Основни техники на архивското работење: архивирање, средување и обработка на документите, одбирање на архивскиот од документарниот материјал, попис и опис на архивскиот материјал, заштита и чување на архивскиот материјал (практична работа и практични примери);
Дефинирање на основните поими во канцелариското и во архивското работење: архивски материјал, документарен материјал, документ/запис, конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал, имател на архивски материјал и сл;
Споредба помеѓу јавен и приватен архивски материјал: права и обврски на имателите на јавен и на имателите на приватен архивски и документарен материјал;
Планот на архивски знаци, Листата на архивски материјал и Листата на документарен материјал со рокови за негово чување
- Архивирање,средување и издавање на документи/записи за користење
- Одбирање и евидентирање на архивски материјал
- Предавање на архивски материјал
- Чување и заштита на архивски и документарен материјал
(Обрасци за пополнување, вежби и практична примена)
Надзор врз работењето на имателите на архивски и документарен материјал
*Обуката е проследена со обрасци за практична примена од праксата и презентација на истите. По завршување на обуката слушателите пополнуваат тест за проверка на стекнатите знаења.
За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО која е во прилог.
Поради голем интерес и ограничениот број на учесници максимум 16 слушатели, Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 12.04.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.
- Бранкица Бошковска
- Тренинг Центар ЦЕС
- тел./факс ++389 32- 32- 510
- моб. 078-339-502
- веб сајт www.ces.mk
- е-маил trainingcenterces@gmail.com
Обуки
-
Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,...
-
Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,...
-
Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,...
-
Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,...
-
Целта на новиот Законот за инспекциски надзор е регулација на елементите на инспекцискиот...
-
Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,...
-
ПОКАНА ЗА ОБУКА НА ТЕМА СПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС И СТРЕСНИ СИТУАЦИИ НА РАБОТНО МЕСТО...
-
ПОКАНА ЗА ОБУКА НА ТЕМА - "НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊАТА КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ, ЈАВНИ...
-
Целта на новиот Законот за инспекциски надзор е регулација на елементите на инспекцискиот...
-
ЗАШТО ДА ПОСЕТИТЕ ОБУКА ВО ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С.? Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години...
Pages
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |