Обуки

Еднодневна работилница за ХРМИС акти за внатрешна организација и систематизација во јавен сектор

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА

ЕДНОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА

ХРМИС, акти за внатрешна организација и систематизација во ЈАВЕН СЕКТОР (вработување, унапредување и мобилност)

Обуката  ќе се одржи  на датум 06.05.2019 во просториите на Тренинг Центар ЦЕС. Пополнување на ХРМИС; Изготвување на акти за внатрешна организација и систематизација на работните места кај административни службеници вработување, унапредување и мобилност. Обуката е наменета за административните службеници вработени во здравствениот сектор, во организациските единици за човечки ресурси и/или за правни работи во органите на државната и локалната власт и институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот и социјалната заштита и заштита на детето, спортот како и другите дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија.

Целта на обуката  е да го унапреди познавањето на административните службеници и вработени во јавниот сектор на постапката на пополнување на ХРМИС системот, Ќе ја обработи и подготовката на акти за внатрешна организација и систематизација на работните места како и постапката за вработување, унапредување и мобилност.  Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

Обуката ке се реализира  од страна на експерт- предавач  со долгогодишно работно искуство од  Министерство за Информатичко Општество .

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

ПРАКТИЧНО ПОПОЛНУВАЊЕ НА РЕГИСТАРОТ НА ВРАБОТЕНИ ВО ЗДРАВСТВЕН СЕКТОР-ХРМИС

  • Зошто е потребен Регистарот на вработените во јавен сектор (ХРМИС)?
  • Кои податоци се внесуваат во системот?
  • Запознавање на функционалностите на Информациониот систем за управување со човечки ресурси    
  • Најчести грешки при внесување на податоците во ИСУЧР 
  • Насоки, препораки и укажување за внесување на податоците во системот
  • Практичен дел на работа на конкретни примери 
  • Дискусија, прашања и одговори
     

СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН СЛУЖБЕНИК

  • Барање за објавување на јавен оглас
  • Комисија за селекција на кандидати
  • Фази на постапката за селекција (административна селекција, испит за административен службеник и интервју, базирано на компетенции)
  • Одлука за избор
  • Решение за стекнување на статус на административен службеник
  • Решение за стекнување на статус на административен службеник

УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН СЛУЖБЕНИК

  • Барање за објавување на интерен оглас
  • Комисија за селекција за унапредување
  • Фази на постапката за унапредување
  • Одлука за избор
  • Решение за унапредување на административен службеник

ВИДОВИ ВРАБОТУВАЊА И МОБИЛНОСТ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

  • Видови вработувања, со посебен осврт на вработувањата на определно време и на посебните советници
  • Мобилност на вработените во јавниот сектор (распоредување во рамки на иста институција и преземање од една во друга институција во јавниот сектор)

ПОДГОТОВКА НА АКТИ ЗА ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА И СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИТЕ МЕСТА, СО КОРИСТЕЊЕ НА КАТАЛОГОТ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

  • Зошто е потребна внатрешна организација и систематизација на работни места?
  • Што е Каталог на работни места и зошто истиот е потребен?

Методи за изработка на акт за внатрешна организација

Користење на Каталогот на работни места во јавниот сектор

Методи за изработка на акт за систематизација на работни места

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници, Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 03.05.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите. Ве молиме за навремена достава на пријавата поради големиот  интерес!

Краен рок на доставување на пријавите е 30.04.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Тренинг Центар ЦЕС