Функционална анализа во јавен сектор

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обуки, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот.

Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот,

Континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство

ВЕ ПОКАНУВАМЕ  НА ЕДНОДНЕВНА ОБУКА НА ТЕМА

ФУНКЦИОНАЛНА АНАЛИЗА ВО ЈАВЕН СЕКТОР

Вработување, Унапредување, Мобилност и Изготвување на акти за внатрешна организација

Обуката е  е наменета за  административни службеници , засегнатите лица од институции од јавниот сектор во РМ кои имаат обврска да ги подготвуваат актите за внатрешна контрола организација и систематизација на работни  места ( согласно законот за вработените во јавниот сектор - " Службен весник на РМ бр 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

Обуката  ке се одржи  на 26 ти Октомври 2018  во просториите на "Тренинг центар ЦЕС– Скопје. "

Советувањето е од страна на експерти од својата област со долгогодишно работно искуство  во Министерство за информатичко општество и администрација за креирање политики за развој и  управување со човечки ресурси во државната и јавната администрација.

Пријавете се со кликнување на копчето ПРИЈАВИ СЕ и пополнете ја пријавата која е во прилог и испратете ја на нашиот меил. Поради голем интерес и ограничениот број на учесници Ве молиме за навремена пријава.

Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Обуки

Pages