Функционална анализа во јавен сектор и Законот за административни службеници

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство Ви испраќаме

ПОКАНА ЗА  ЗА  ЕДНОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА  ЗА

ФУНКЦИОНАЛНА АНАЛИЗА ВО ЈАВЕН СЕКТОР и ЗАКОНОТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

(постапка за оценување на административните службеници)

 

Обуката  ке се одржи  на датум:  21.12.2018 во просториите на Тренинг Центар ЦЕС. Административни службеници вработени во организациските единици за човечки ресурси и/или правни работи во органите на државната и локалната власт и институциите кои вршат дејности  од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот и социјалната заштита, спортот како и други дејности од јавен интерес утврден созакон а организиран како агенции, фондови ,јавни установи и јавни претпријатија.

Обуката ке се реализира  од страна на експерт- предавач  докажан во својата област со долгогодишно работно искуство во Министерство за Информатичко Општество. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

 

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

ДЕЛ 1 ФУНКЦИОНАЛНА АНАЛИЗА ВО ЈАВЕН СЕКТОР

  • Цели на функционалната анализа, правен основ за спроведување на функционалната анализа
  • Моделот на функционалната анализа и  функциите како основа на функционалната анализа  
  • Почеток на спроведувањето на функционалната анализа, спроведување на функционалната анализа  како и формирање на тим, рганизирање на процесот, анализа на документи
  • Вежба
  • Собирање информации за расположливите човечки и други капацитети, прибирање податоци за перцепцијата на вработените во институцијата   
  • Прибирање податоци за организациските единици , спроведување интервјуа , анализа и категоризација на функциите  анализа на информациите и евалуација според критериумите     
  • Извештај од спроведената анализа, план за подобрување
  • Вежба
  • Прашања и дискусија.

 

ДЕЛ 2 Постапка за оценување на административните службеници

Што претставува системот на оценување 360

Оценување – 360 и поставување на цели

  • Вовед во обуката
  • Што преставува систем на оценување 360
  • Поставување на работни цели
  • Вежба

Предуслови за оценување

  • Што се е потребно за да може да се спроведе оценувањето 
  • Индивидуален план за стручно усовршување
  • Полугодишно интервју   
  • Вежба – сендвич техника
  • Прашања и дискусија.

Постапка на оценување

  • Други оценувачи
  • Оценување од претпоставени
  • Координација за оценки „5“

Грешки при спроведување на постапката

  • Кои пропусти најчесто се прават
  • Вежба

 

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО.

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници максимум 16 слушатели. Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 18.12.2018 петок. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

 

Контакт лице

  • Елена Цацаноска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages