Обуки

ИСУЧР - најчести грешки ,пропусти и недоречености содржани во систематизациите на работните места

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство ЗА ТАА ЦЕЛ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С. ВЕ ПОКАНУВА НА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА:

„Најчести грешки, пропусти и недоречености содржани во систематизациите на работните места кои имаат влијание врз квалитетот на плановите за вработување и врз  добивањето, односно недобивањето согласности од надлежните министерства и МИОА и насоки за нивно надминување во корелација со внесувањето на податоците во ИСУЧР и исполнување на задолжителните обврски, но и незадолжителните обврски кои произлегуваат од законските и подзаконските акти заради поефикасно управување со учинокот на вработените“

21.02.2020  год. во просториите на Тренинг Центар ЦЕС-Скопје

РАБОТИЛНИЦАТА Е НАМЕНЕТА за административни службеници вработени во организациските единици за човечки ресурси и/или правни работи во органите на државната и локалната власт и сите засегнати страни. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, практични вежви за изготвување на обрасците, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите. На оваа активност предавачите посебно ќе се фокусираат на состојбите кај државните органи, општините, училиштата и градинките

Обуката ке се реализира од страна на сертифициран обучувач со долгогодишно работно практично искуство од областа Г-ѓа Лаура Идризи , претставник на Министерството за информатичко општество и администрација

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА РАБОТИЛНИЦАТА

  • Најчести грешки, пропусти и недоречености содржани во системизациите на работни места кои имаат влијание врз квалитетот плановите за вработување со посебен фокус на државните органи, општините, училиштата и градинките
  • Насоки и препораки како полесно да ги имплементирате забелешките од надлежните министерства и МИОА во поглед на добивањето на согласност на плановите за вработување и какви интервенции треба на среден рок да извршите во систематизиите на работните места за да ги зголемите шансите за добивање согласност на плановите за вработување во следните години
  • Препораки што да направите доколку до сега не сте ги внеле сите задолжителни податоци во ИСУЧР и примери од практиката како да ги надминете проблемите со кои се соочувате со посебен фокус на државните органи, општините, училиштата и градинките
  • Препораки за ефективно управување со информатичкиот систем за човечки ресурси низ призма на задолжителните обврски содржани во законските и подзаконските акти наспроти незадолжителните обврски, но низ призма како се создава основа во правните акти кои се донесуваат во хартиена форма
  • Прашања и дискусија, Пополнување на евалуациски листи за работилницата

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО која е во прилог:

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници, Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 17.02.2020. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

  • Андријана Јаневска
  • моб.075-225-526
  • моб.078-339-502
  • тел./ ++389 32- 32- 510
  • веб сајт http://www.ces.mk

Обуки

Pages