Курс за аргон заварувач

Дали знаевте дека со помош на заварување е направено се околу нас, почнувајќи од дното на океанот до вселената и насекаде помеѓу нив?! Заварувачкиот занает претставува правец во кариерата која нуди огромен избор за работа во различни индустрии. Побарувачката за квалификувани заварувачи е висока. Зошто да не бидете и Вие дел од нив?!

По завршување на обуката ќе бидете квалификувани да работите како професионален заварувач во различни индустрии. Ние сме тука за ВАС. Дозволете да Ви го олесниме патот кон посакуваниот успех!

  • За кого е наменет курсот - Невработени лица, вработени лица кои сакаат доквалификација и преквалификација;
  • Времетраење - 3 месеци по договор и утврдена динамика
  • Почеток на обуката - По договор со слушателите со формирање на група
  • Каде - Во просториите на Тренинг центар ЦЕС

ЦЕНА НА КУРСОТ - 39,000 ДЕНАРИ СО МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ

Опис на програмата

Главната цел на програмата е организирано образование, едукација, усовршување и оспособување на учесниците во програмата за самостојно, правилно и благовремено одлучување, постапување и квалитетно изведување на работните задачи во занимањето ТИГ (Аргон)Заварувач. Програмата заТИГ (Аргон)Заварувач е во времетрање 3 месеци.

Теоретската настава се реализира во училница со современи наставни помагала со кој учесниците во програмата се здобиваат со потребните знаења предвидени во содржината на тематските целини кои се составен дел од програмата.

Практичната настава се спроведува преку демонстрирање на употребата, како и практична примена на опремата, апаратите и уредите за ТИГ начин на заварување, во уреден работилнички простор за таа цел, обуки за запознавање, управување, ракување и одржување на опремата, апаратите и уредите за заварување.

Оценувањето на добиените знаења и вештини на учесниците во програмата сереализира преку одржување на испит. Испитот се состои од теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од тематските целини кои се составен дел на програмата за обука. Практичниот дел од испитот подразбира проверка на стекнатите знаења од ракување со опремата, апаратите и уредите за ТИГ начинот на заварување, во уреден работилнички простор за таа цел.

Програма ја спроведува тим на искусни инжињери и квалификувани заварувачи со минимум пет години работно искуство за бараната постапка за ТИГ(Аргон) Заварувач. По успешно спроведената програмата, лицата ќе се здобијат со сите потребни компетенции, вештини и знаења за извршување на работата ТИГ(Аргон) Заварувач.

По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат “ТИГ заварувач“.

 

 

По завршување на обуката кандидатите се способни да:

  • Го организира работното место;
  • Ги мери и контролира со метро, подвижно мерило и аголни мерила;
  • Применува прописи за заштита при работа;
  • Ги продлабочи знаењата во функција на самостојно изведување на занимањето;
  • Разликува постапки на заварување;
  • Чита и анализира симболи на заварени врски;
  • Користи опрема за гасно заварување и регулира пламен;
  • Користи техничка документација;
  • Заварува со примена на разни техники;
  • Изведува различни завари со МАГ постапка на заварување според работниот налог: челни, преклопни, аголни, надворешни и Т аголни споеви без подготовка на жлебови за заварување;
  • Изведува различни завари со ТИГ постапка на заварување според работниот налог: челни, преклопни, аголни надворешни и Т аголни споеви без подготовка на жлебови за заварување;
  • Користи опрема за заварување и заштита при работа;
  • Заварува разни завари на разнородни, истородни и обоени метали;
  • Изработува едноставен бизнис-план.

Зашто во Тренинг центар ЦЕС?

  • Затоа што ние ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и матријали за работа бесплатно, затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми и сте со постојан надзор за совет, проверка, корекција и насока на правилна работа. 
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при запослување на кандидатите кои што ја завршиле обуката и директно посредува измеѓу ученикот и работодавачот бесплатно
  • Затоа што ние нудиме бесплатна пракса
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме
  • Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки

ДОЈДЕТЕ И УВЕРЕТЕ СЕ ЗАШТО СМЕ НАЈДОБРИ!

Машински струки