Курс за автоелектричар

Автоелектричар е електричар кој се специјализира во електрични системи содржани во моторните возила. Еден автоелектричар е експерт за сите системи во нашите автомобили. Одговорен јунак за поправка на Вашите предни фарови, дијагностички светла, алармен систем, коло, генератор итн. Сите овие проблеми ги решава автоелектричарот и спаѓаат во неговиот домен на експертиза. Неговата улогата претставува многу важна позиција во светот на одржување на возилата. Ова занимање е совршено за оние кои сакаат да работат со своите раце. Ова е работа која вклучува постојана активност, така што е совршена за некој кој се плаши од идејата да седи на бирото цел ден.

Курсот за автоелектричар е осмислен со цел кандидатите да се обучат за вградување, одржување и поправка на електрични уреди и опрема, за поставување електрична инсталација, светлосни и сигнални уреди на моторни возила и работни машини. Дозволете ни да направиме од Вас професионалец со широк спектар на знаења и вештини кои ќе Ви донесат одличен приход и задоволство од тоа што го работите!

Автоелектричарите работат во работилници или во независни сервисни центри кадешто се врши дијагностицирање и поправка на електрични грешки на возилото. Бидејќи сложеноста на автомобилски системи се зголемува и се карактеризираат со повеќе електронски компоненти и додатоци, улогата на авто електричар станува поважна. Искусни авто електричари би можеле да работат како независни техничари, нудејќи специјализирана услуга за сопствениците на возила или сервисни центри.

ВО ОКЕАНОТ НА МНОГУТЕ, БИДЕТЕ ЕДИНСТВЕН!

Опис на програмата

  • Одржување и поправка на електрични и електронски инсталации во возила;
  • Поделба на електрични и електронски инстаации;
  • Систем за напојување;
  • Движечки систем;
  • Познавање на светлосните уреди;
  • Познавање на звучна сигнализација;
  • Познавање на акумулатори;
  • Препознавање на симболи и ознаки на електрични инсталации на возило.

 

По завршување на курсот кандидатите ќе бидат обучни

  • да испитуваат и да заменат електронски компоненти за кочници,
  • управувачки механизам,
  •  климатски уреди и електронски склопови со кои се регулира вбризгувањето на горивото.

За кого е наменетa обуката? 

  • За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како автоелектричари;
  • За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
  • За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;

Информации

  • Времетраењето на програмата: 3 месеци по договор според утврдена динамика.
  • Почеток на обуката:  Веднаш по формирање на група.
  • Каде:  Во  просториите на  Тренинг центар ЦЕС.
  • РЕДОВНА ЦЕНА НА КУРСОТ 39.000,00 денари со можност за плаќање на 3-4 рати

 

Зошто во Тренинг Центар ЦЕС?

  • Затоа што ние  Ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и матријали за работа  бесплатно , затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми  и сте со постојан надзор за совет, проверка, корекција и насока на правилна работа;
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при вработување  на кандидатите коишто ја завршиле обуката и директно посредува помеѓу ученикот и работодавачот бесплатно;
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме;
  • Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки.

Електротехничка струка