Курс за фотограф

Фотографијата е една од уметничките форми на нашата генерација. Тоа е еден од наједноставните начини за создавање на уметност и ставање на емоциите во рамка.

Фотографите се уметници со камера, користејќи мешавина од технички вештини и уметничко око за  фотографирање луѓе, места, пејзажи, храна. Фотографите можат да работат на најразлични настани и да ги продаваат своите дела притоа заработувајќи одличен приход. Дозволете ни преку овој курс да го разбудиме креативецот во Вас, да ги развиеме до максимум Вашите техники и фотографски вештини, комуникациските вештини и да направиме од Вас врвни уметници кои ќе бидат свесни за комерцијалното работење и себепромовирање на најдобриот можен начин.

Вие ќе бидете креаторот на спомени од најразлични настани, а ние ќе Ви помогнеме да станете тоа што сте сонувале отсекогаш – Фотограф.

ПОСЕТЕТЕ ЈА ОБУКАТА ЗА ФОТОГРАФ И СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД СВЕТОТ НА ИМАГИНАЦИЈАТА.

Во Тренинг Центар ЦЕС едуцирајте се и инспирирајте се од едуцирани, признати и страсни фотографи-предавачи со богато портфолио и докажани во повеќе фотографски области. За време на обуката фотографите - предавачи ве менторираат и надвор од часовите, комуницирајќи со вас онлајн и давајќи ви насоки и коментари за испратените фотографии во врска со проектите и настаните на кои се фотографира за време на курсот, како дел од вежбите.

Курсот за основи на фотографија има за цел целосно да ве воведе во областа на фотографијата и во детали да ви даде лесно разбирливи информации кои ќе ви послужат за развивање на практичното знаење и чувството за фотографија. Преку овој курс ќе ве научиме како да го извадите максимумот од вашите фотоапарати и ефикасно да ги пренесете своите идеи во моќни фотографии, да се изразите креативно и да создадете своја визуелна уметност.

Наставата вклучува теоретска сесија за основи на фотографијата, запознавање со историјата и развитокот на истата, многу вежби и примери, фотографирање на терен, на различни субјекти во реални ситуации и настани, на многу локации, како и фотографирање во студио.

Опис на програма:

1.Основи на фотографијата (историја/важност)

  • Историски податоци за започнувањето на првите фотографии
  • Позначајни имиња и епохи
  • Мрежи, начини и стратегии за промовирање на фотографиите
  • Делови на апаратот и технички карактеристики
  • Видови објективи и функции
  • Мануелно подесување
  •  Формати на фотографија и дигитални фајлови

2. Композиција

  • Рамка и кропирање
  • Подесување на дневно светло
  • Контраст
  • Патерни
  • Перспектива и длабочина
  • Фотографирање во природа

3. Минимализам

  • Вовед и примери
  • Основни карактеристики
  • Вежби

4. Архитектура/Ентериер

  • Вовед (ентериер и екстериер)
  • Вежби ентериер
  • Вежби екстериер

5. Репортажна фотографија

  • Вовед и значење на репортажната фотографија
  • Етика и универзални правила
  • Симболика
  • Фотографирање на терен

6. Макро фотографија/Stock фотографија/Ноќна фотографија

  • Основен технички вовед
  • Макро фотографија
  • Вовед во Stock фотографија
  • Ноќна фотографија

7. Работа во студио

  • Едитирање во Photoshop (Stock фотографија)
  • Подесување и поставување на светло
  • Работа со блиц
  • Фотографирање на портрети во студио
  • Дискусија и едитирање

 

За кого е наменетa обуката? 

  • За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како фотографи;
  • За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
  • За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
  • За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата;
  • За лица кои сакаат да се осамостојат и да отпочнат сопствен бизнис.

Времетраењето на програмата: 2-3 месеци по договор според утврдена динамика.

Почеток на обуката:  Веднаш по формирање на група.

Каде: Во просториите на Тренинг центар ЦЕС.

РЕДОВНА ЦЕНА НА КУРСОТ  39.000,00 - Можност за плаќање на  3-4  рати

Зошто во Тренинг Центар ЦЕС?

  • Затоа што ние Ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и матријали за работа бесплатно, затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми  и сте со постојан надзор за совет, проверка, корекција и насока на правилна работа;
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при вработување  на кандидатите коишто ја завршиле обуката и директно посредува помеѓу ученикот и работодавачот бесплатно;
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме;
  • Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки.