Обука за фризери

Станете фризер со признаен државен сертификат!

Изучете го најпопуларниот занает - бидете во тренд со модниот џет сет. Никогаш не е доцна!

Добијте нова работна струка со нашата верификувана диплома од Министерство за образование -  СО СТИЛОВИТЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ФРИЗЕРИ ИЗУЧЕТЕ ГО НАЈПОПУЛАРНИОТ ЗАНАЕТ И БИДЕТЕ ВО ТРЕНД СО МОДНИОТ ЏЕТ СЕТ!

  • За кого е наменетa обуката - За сите што сакаат да започнат да работат како фризери и кои сакаат да ги следат трендовите на модниот џет сет како и напредните методи на работа
  • Времетраење - 3-4 месеци распределени според динамика на договор
  • Почеток - 15.11.2018
  • Каде - во просториите на Тренинг центар ЦЕС

ДОКОЛКУ СЕ ПРИЈАВИТЕ ДО 10.11.2018 ДОБИВАТЕ:

  •   ВРЕДНОСЕН ВАУЧЕР ОД  10200,00 ДЕНАРИ
  •   ПРИЗНАЕН ДРЖАВЕН СЕРТИФИКАТ
  •   ГРАТИС ОБУКА ПО ИЗБОР: КОЛОРИСТИКА ИЛИ ФРИЗУРИ
  •   ЕДЕН МЕСЕЦ БЕСПЛАТНА ПРАКСА ВО САЛОН

По завршување на обуката учесникот ќе биде способен да:

  • организира простор и работа во фризерски салон,
  • подготвува работното место и клиент,
  • проценува состојба на коса,
  • мие и регенерира коса и скалп,
  • потстрижува коса,
  • обликува и фенира коса,
  • изработува водена ондулација и ЛТО,
  • подготовува коса за боење и белење,
  • бои, бели и шатира коса
  • применува норми на работна етика. 

Зошто во Тренинг Центар ЦЕС?

  • Затоа што ние ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и материјали за работа бесплатно, затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми и сте со постојан надзор за совет,проверка,корекција и насока на правилна работа.  
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при запослување на кандидатите кои што ја завршиле обуката и директно посредува измеѓу  ученикот и работодавачот бесплатно
  • Затоа што ние нудиме бесплатна пракса
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме
  • Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки

ДОЈДЕТЕ И УВЕРЕТЕ СЕ ЗАШТО СМЕ НАЈДОБРИ!

Опис на програма:

Основи на занимањето

  • oбјаснува начин на подготовка на работното место и клиент, подготовка, употреба и одржување на алат, прибор, апарати и материјали во фризерство,
  • опишува методи за одржување на лична хигиена и хигиена во салонот и опремата,
  • познава правила на чување и употреба на суровини и препарати во салонот,
  • објаснува постапка на ракување со алатот приборот и апаратите за изведување на фризерските постапки
  •  разликува својства, состав и дејство на фризерските препарати
  • објаснува фази и техники на миење и масажа на коса и скалп,
  • објаснува начини на потстрижување и ефилирање на коса,
  • опишува фази на изработка на фен фризура,
  • споредува  начини и техники на изработка на плетенки,
  • објаснува техники на виткање на коса со употреба на електрични апарати,
  • опишува техники на изработка водена ондулација и ЛТО,
  • споредува постапка на нијансирање, привремено и трајно боење на коса,
  • опишува фази и техники на боење,
  • пресметува концентрација и разблажување на раствор,
  • споредува хемиски процес и техники на боење,  белење и корекција на боја,
  • објаснува хемиски процес и техники  на избелување на коса,
  • опишува техники на парцијално боење и избелување на коса со употреба на капа,
  • објаснува начини на корекција на бојата со преливи, зацврстувачи, колор-шампони и сл.

Организација на работа во фризерски салон

  • организира простор и работа во фризерскиот салон
  • применува санитарно технички мерки за  заштита на животна и работна средина
  • подготвува работно место,
  • препознава алат,прибор и апарати во фризерството
  • одржува лична хигиена и хигиена на работен простор, алатот приборот и материјалите
  • врши прием и подготовка на клиент за третман.

 

Миење и нега на коса и скалп

  • определува структура и својства на коса и скалп,
  • избира препарати за миење  на коса,
  • спроведува постапка на миење на коса и скалп,
  • применува техники на масажа – мануелна (освежувачка и смирувачка)
  • применува препарати за регенерација на коса,
  • согледува ефекти од миење на коса

Потстрижување на коса

  • проценува градба и раст на влакно
  • избира  иподготвува прибор и алат за потстрижување
  • дели коса на прамени за потстрижување
  • потстрижува коса со примена на различни техники (тап, кос рез, рез на засукани прамени),
  • оформува  коса со примена на различни видови на потстрижување (боб, степенасто и рамно потстрижување),
  • асиметрично потстрижување
  • степенасто потстрижување
  • спроведува ретчење на  косата со помош на ефилир ножици и ножици

Обликување на коса

  • подготвува алат, прибор и апарати за обликување на косата
  • избира препарати  за обликување на коса
  • обликува коса со примена на различни техники и апарати
  • завршно обликува коса со тапирање и зачешлување,
  • применува техники на изработка на плетенки
  • Фенирање
  • Фарбање
  • вадење прамени на капа и фолија
  • Омбре, сомбре и други техники

Козметичко фризерска струка