Курс за готвач во угостителски објект

Готвење е уметност, а обука за да напредувате во возбудливиот свет на професионалната кујна е она што оваа програма Ви го овозможува на сите. Современиот познавач на храна е софистициран и едуциран, а побарувачката за локални и одржливи извори на храна никогаш не била поважна. Кога ќе ја добиете верификувата диплома, ќе имате искуство да претставите на пазарот на трудот  со повеќе знаење и експертиза, па дури и да отворите свој локал. Ако барате да го претворите Вашето готвење во кариера или ако сте заинтересирани да ја преземете Вашата веќе импресивна кулинарна вештина на следното ниво, нашата програма за готвачи ќе Ви го овозможи тоа.

Тренинг центар ЦЕС обучува стручен кадар во оваа област на високо ниво, што претставува одлична појдовна точка за секој кој сака да се бави со овој профитабилен бизнис. 

  • За кого е наменет курсот - За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како готвачи, оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање, фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени, вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата, лица кои сакаат да се осамостојат и да отпочнат сопствен бизнис.
  • Времетраење - 2-3 месеци по договор според утврдена динамика
  • Почеток на обуката - По договор со слушателите со формирање на група
  • Каде - Во просториите на Тренинг центар ЦЕС

ЦЕНА НА КУРСОТ - 39,000 ДЕНАРИ СО МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ

Опис на програмата

Програмата “Готвач во угостителски објект” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на угостителството поточно од областа на готварството. Стекнатите знаења и вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот во организација и реализација на технолошкиот процес на готвење.

Во реализација на обуката ќе се применуваат современи наставни методи:

  • Вербални (усно изложување, разговор);
  • Визуелни (демонстрирање);
  • Практични методи(пракса- вежби) 

кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на обуката ќе се применуваат современи наставни средства и помагала .

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно-излагање, писмено-тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти и пракса- вежби.

Структурата на програмата за “Готвач во угостителски објект” е следна:

  • Теорискиот дел;
  • Пракса;
  • Проверка на постигањата на кандидатите (оценување).

1. Теорискиот  дел од обуката ќе се реализира во простории опремени со компјутери, интернет, аудио и видео опрема и сл. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализираат обучувачи со завршено високо образование, VII/1 степен, наставник со завршени студии по туризам и угостителство.

2. Практичниот дел од обуката ќе се реализира во современо опремени угостителски објекти, а со кандидатите ќе работат професори ментори со повеќегодишно работно искуство.

3. Третиот дел од програмата за готвач во угостителски објект е проверка на постигањата на кандидатите или оценувањето.

Теорија

  • Основни поими и карактеристики на кујната и кујнското работење;
  • Хигиена при работа во кујна и заштита при работа;
  • Основна терминологија во готварството;
  • Употреба на намирници во готварството и нормативи;
  • Пишана понуда на јадења во угостителските објекти.

Практична работа 

  • Предјадења – ладни и топли;
  • Готвени јадења, печења и јадења по порачка;
  • Риба, ракови и морски плодови;
  • Безмесни јадења, гарнири и салати;
  • Десерти и пецива.

По завршување на обуката кандидатите се способни да:

  • Објаснува општи поими за кујна и карактеристиките на кујната;
  • Разликува видови на кујни;
  • Препознава различни процеси на приготвување на јадења;
  • Објаснува термини од работењето во кујна;
  • Опишува карактеристики на персоналот и неговите обврски;
  • Опишува начинот на организирање на работата во кујна;
  • Разликува видови опрема и инвентар;
  • Препознава видови административни документи;
  • Опишува управување со кујна;
  • Користи готови и полуготови производи за подготовка на храна пред гости;
  • Планира и организира сопствена работа и одржува хигиена, пред гостите;
  • Распоредува и нормира јадења пред гостите;
  • Одржува ладни и топли јадења на соодветна температура и одржува квалитет на  храната;
  • Одржува естетски изглед на целата просторија;
  • Поставува естетски изглед при декорација на јадења;
  • Пакува и транспортира храна и јадења во различни видови на пакување и транспортни контејнери;
  • Означува јадења и води евиденција за времето на употребливост;
  • Изготвува вредност на приготвеното јадење;
  • Препорачува, советува и комуницира со гостинот-клиент;
  • Одредува кога и како да ги вклучи народните јадења во угостителската понуда;
  • Анализира различни видови средства за згуснување;
  • Опишува начинот на подготовка на фондовите, супи и сосовите;
  • Препознава и приготвува салати за ала-карти свечени приеми;
  • Опишува и приготвува едноставни ладни предјадења заала-карти свечени приеми;
  • Препознава, презентира и сервира различни видови сирења;
  • Препознава и приготвува топли  предјадења заала-карти свечени приеми;
  • Готви варива и гарнири;
  • Организира ала-карт работење;
  • Подготвува јадења за свечени приеми;
  • Развива работни навики и позитивни ставови кон угостителско-туристичката дејност;
  • Гоопишува начинот на подготовка на фондовите и сосовите;
  • Препознава видовите салати, варива и гарнири заала-карти свечени приеми;
  • Опишува видови ладни и топли предјадења за ала-карти свечени приеми;
  • Препознава видови сирења и нивни карактеристики како и нивно сервирање;
  • Готви јадења од групата на готвени јадења, јадења по порачка и печења;
  • Познава и разликува поим кујна и видови кујни;
  • Препознава процеси за приготвување на јадењата;
  • Објаснува карактеристики на кујната;
  • Објаснува карактеристики и презентира производи од растително и животинско потекло кои се користат во кујните;
  • Разликува видови инвентар во кујната;
  • Применува видови јадења за свечени приеми, коктел партии, шведски маси;
  • Применува и приготвува јадења за ала-карт работење во ресторанот;
  • Развива навики за работа и работно време во ресторан;
  • Опишува начинот на подготовка на фондовите и сосовите;
  • Опишува начинот на подготовка на супи и додатоци за супа и фондовите и сосовите;
  • Опишува готвени јадења, јадења по порачка и печења;
  • Опишува едноставни ладни и топли предјадења;
  • Опишува видови ладни и топли предјадења;
  • Презентира и опишува видови сирења;
  • Опишува десерти и пецива;
  • Развива хигиенски навики и ги координира со кујната;
  • Развива работни навики и позитивни ставови кон угостителско-туристичката дејност.

Зошто во Тренинг Центар ЦЕС?

  • Затоа Обуката за Готвач во угостителски објект има позитивно мислење од страна на Министерство за Образование на Република Македонија со решение бр 09-77/2016
  • По завршување  обуката  добивате признаена диплома од Министерство за Образование  со која ке можете да работите како професионалец во кулинарски објект, или да отворите свој.
  • што ние  Ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и матријали за работа  бесплатно , затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми  и сте со постојан надзор за совет, проверка, корекција и насока на правилна работа;
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при вработување  на кандидатите коишто ја завршиле обуката и директно посредува помеѓу ученикот и работодавачот бесплатно;
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме;
  • Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки.

Прехрамбена струка