Курс за инсталатер на уреди за греење и климатизација

Живееме во време во кое едноставно не можеме да функционираме без уред за греење и климатизација. Дали сакате да бидете главниот и одговорен за комфортот на другите луѓе и да добиете одличен приход за тоа? Ако имате желба и решителност да влезете во овој бизнис, тогаш нашиот курс за Инсталатери на уреди за греење и климатизација е вистинската можност за Вас!

На сите ни е понекогаш многу топло или пак многу ладно. Вие можете да бидете контролорот на нашиот комфорт. Инсталатерите на уреди за греење и климатизација работат со системи за греење, вентилација и климатизација. Тие се одговорни за инсталирање, поправање и одржување на системите во домаќинствата, компаниите, фабриките итн. По завршувањето на овој курс, Вие ќе знаете што и е потребно на една зграда за да ги надмине топлите летни денови и студените зимски ноќи.Ќе стекнат вештини за контрола на температурата, влажноста и употреба на широк спектар на алатки за да ги одржуваат системите оптимално. Можат да работат со водни единици, гас и многу повеќе.

Ви нудиме кариерна можност која не треба да ја пропуштите. ДОЗВОЛЕТЕ ДА НАПРАВИМЕ ПРОФЕСИОНАЛЕЦ ОД ВАС!

Обуката ги опфаќа следниве техники:

  • Знае да монтира и поврзува елементи на надворешни и внатрешни единици на уреди за греење и климатизација;
  • Воспоставување работен режим на уреди за греење и климатизација;
  • Одржување уреди за греење и климатизација;
  • Познавање на опремата примена на мерки за заштита на работа.

За кого е наменетa обуката? 

  • За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како инсталатери на уреди за греење и климатизација;
  • За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
  • За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
  • За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата;

  • Времетраењето на програмата 3 месеци по договор според утврдена динамика.
  • Почеток на обуката:  Веднаш по формирање на група.
  • Каде: Во просториите на  Тренинг центар ЦЕС.
  • РЕДОВНА ЦЕНА НА КУРСОТ - 39.000,00 денари со можност за плаќање на 3-4 рати

ДОЈДЕТЕ И УВЕРЕТЕ СЕ ЗАШТО СМЕ НАЈДОБРИ!
 

Зошто во Тренинг Центар ЦЕС?

  • Затоа што ние  Ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и матријали за работа бесплатно, затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми  и сте со постојан надзор за совет, проверка, корекција и насока на правилна работа;
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при вработување  на кандидатите коишто ја завршиле обуката и директно посредува помеѓу ученикот и работодавачот бесплатно;
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме;
  • Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки .

Машински струки