Курс за изработувач на бели пецива

Сите сме посреќни кога ќе вкусиме некоја превкусна мекица или кроасан. ВИЕ можете да ги создавате тие моменти на среќа, а ние да ВИ помогнеме да станете врвни мајстори во тоа. Со оваа наша обука, Вашиот пат кон успехот ќе биде многу повкусен и Вие по завршувањето на истата ќе бидете спремни и квалификувани за отпочнување на сопствен бизнис и градење на кариера од Вашите соништа!

Ние Ви ја нудиме таа можност. Ние Ви нудиме обука за ИЗРАБОТУВАЧИ НА БЕЛИ ПЕЧИВА!

  • За кого е наменет курсот - За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како изработувачи на бели печива, оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање, фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени, вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата, лица кои сакаат да се осамостојат и да отпочнат сопствен бизнис.
  • Времетраење - 2-3 месеци по договор според утврдена динамика
  • Почеток на обуката - По договор со слушателите со формирање на група

ЦЕНА НА КУРСОТ - 39,000 ДЕНАРИ СО МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ

Лебот и белите печива претставуваат едни од основните прехранбени продукти кои се добиваат од брашно со додатоци на вода, сол, микробна стартер култура. Во зависност од типот на лебот и белите печива кон брашното се додаваат и други материи и различни додатоци. Лебот и белите печива се составен дел од исхраната на луѓето, додека нивната севкупна потрошувачка ги доведува во позиција на производи со глобално значење. Од тука од исклучителна важност за сите засегнати страни во синџирот на исхраната е нивното квалитетно и безбедно произведување. Осигурувањето на квалитетот претставува комплексна задача во било која фаза „ од нива до трпеза “ со посебен акцент во делот на нивно производство.

Главната цел на посебната програма за возрасни е стекнување знаења, стручни компетенции и вештини за примена на техниките во секоја од фазите на технолошкиот процес, при производство на леб и бели печива. Начинот на реализацијата на посебната програма е преку теоретска и практична настава (обука). Теоретската обука се однесува на карактеристиките на работното место изработувач на леб и бели пецива, суровините кои се вклучени во производството на пекарските производи како и технолошкиот процес при производство на лебот и белите печива како и запознавање со етичките принципи за работа. Практичната обука се однесува на примена на вештини и техники за производство на леб и бели печива.

Учесниците кои ги посетувале обуките и истите успешно ги завршиле се стекнуваат со сертификат „Изработувач на леб и бели печива“. Со стекнување на сертификатот учесниците се здобиваат со можност за равој на професионална кариера во пекарската индустрија.

Опис на програмата

  • Организирање на својата работа и соработка со тимот за техничка подготовка;
  • Организира производство, работи на повеќенаменски машини и технолошки линии
  • Ги подготвува машините за пекарство;
  • Управува со миксер;
  • Обликува тесто и врши контрола на ферментацијата;
  • Управува со печка;
  • Управува со пакување и складирање на готовите производи;
  • Правилно и последователно ги применува и контролира технолошките операции за обработка на замес: развивање, делење, филување и обликување на тестото, ферментирање, замрзнување;
  • Обликување на тесто;
  • Применува рецептури за за производство на различни видови леб и бели пецива;
  • Разликува леб и бели пецива како и нивната хранлива вредност и својства;
  • Изработува различни видови на леб и ситни бели пецива;
  • Спроведува стандарди и норми на ХАССП контролен систем во погоните за производство на леб и бели пецива;
  • Изработување на крофни и мекици;
  • Изработување на интегрално, пченкарно и други видови на пецива

 

По завршување на обуката кандидатите се способни да:

  • Осознава можности за професионална кариера на Изработувач на леб и бели печива;
  • Применува прописи за безбедност и здравје при работа и правила за користење на средствата за лична заштита при работа и противпожарните мерки;
  • Применува добри производствени и хигиенски практики;
  • Ги применува HACCP принципите;
  • Планира и организира својата работа;
  • Разликува видови леб и бели печива и нивна хранлива вредност и својства;
  • Применува рецептури за производство на различни видови леб и бели печива;
  • Разликува видови суровини, врши прием и контрола на суровините, начините на складирање и користење на истите и нивно дозволено дозирање во производот;
  • Пополнува работна документација;
  • Правилно и последователно ги применува и контролира сите фази од технолошкиот процес на производствени операции: подготовка (мерење на суровини) и мешање (месење);
  • Правилно и последователно ги применува и контролира технолошките операции за обработка на замес: развивање, делење, филување и обликување на тестото, ферментирање, замрзнување;
  • Правилно и последователно ги применува и контролира технолошките операции печење, ладење и пакување на пекарските производи;
  • Применува соодветно чување и складирање на готови производи;
  • Ги почитува упатствата за работа на опремата, машините и приборот во погонот кои се користат за производство на леб и бели печива и правилно ја применува опремата, ги проверува и по потреба корегира штелуваните параметри на машините.

Зашто во Тренинг центар ЦЕС?

Оваа обука ви нуди можност да стекнете знаење за совршено познавање на маникирот, надградба на нокти и екстензија на нокти. Обуката опфаќа теоретски и практичен дел и обезбеден материјал за работа. Тренинг центар ЦЕС обучува стручен кадар во оваа област на високо ниво, што претставува одлична појдовна основа за секој кој што сака да се бави со овој профитабилен бизнис. Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при запослување на кандидатите кои што ја завршиле обуката и директно посредува измеѓу  ученикот и работодавачот бесплатно.

  • Затоа што ние ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и матријали за работа бесплатно, затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми и сте со постојан надзор за совет, проверка, корекција и насока на правилна работа. 
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при запослување на кандидатите кои што ја завршиле обуката и директно посредува измеѓу ученикот и работодавачот бесплатно
  • Затоа што ние нудиме бесплатна пракса
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме
  • Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки

ДОЈДЕТЕ И УВЕРЕТЕ СЕ ЗАШТО СМЕ НАЈДОБРИ!

Прехрамбена струка