Курс за келнер

Дали Вие сте личност која со  својот шарм ги освојува сите околу себе? Дали сакате да работите во динамична средина која е возбудлива и придонесува за развивање на Вашите вештини?

Дозволете ни преку нашиот курс за КЕЛНЕРИ да Ве воведеме во една поинаква приказна во која Вие ќе бидете главниот јунак. Бидете тој јунак којшто ќе биде тимски играч и со позитивна енергија ќе ги привлече гостите и ќе направи да се почувствуваат повеќе од добредојдени. Направете го првиот чекор и со наша помош станете професионалец во областа. Подарете им насмевки на луѓето и остварете приход!

НЕ ЗАСТАНУВАЈТЕ ДОДЕКА НЕ БИДЕТЕ ГОРДИ!

Главна цел на програмата е учесникот да стекне компетенции за примена на основните техники на угостителското послужување како и правилно користење на опремата и инвентарот за послужување. Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците, а практичниот дел ќе се изведува со утврдена динамика

Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на професор,а практичната обука во рамките на компанија за време на која на учесниците ќе им биде доделен ментор вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции.

ОВА ЌЕ БИДЕ МОЈАТА ГОДИНА НА УСПЕХОТ!

Опис на програма:

  • Грижа за гостите и нивните барања;
  • Обезбедување брза и ефикасна услуга;
  • Одржување добра репутација на хотелот/ресторанот;
  • Комуникативност со гостите и останатиот персонал;
  • Изгледот на келнерот;
  • Услужност;
  • Познавање на работа со наплата;
  • Работа со пари и нарачки;
  • Работна организација;
  • Улогата на келнерот во угостителството и природа на неговата работа;
  • Прв впечаток, однесување, контакт со гости, униформа;
  • Етички кодекс во меѓународното угостителсто;
  • Тимска работа и деловна комуникација меѓу вработените за време на работно време;
  • Однесување кон гости за време на нивниот престој во хотелот;
  • Правила на однесување односно што треба, а што не треба да работи професионален келнер;
  • Бакшиш;
  • Непријатни ситуации;
  • Правилно поставување на приборот,чинии и маси – практична обука;
  • Правилно носење послужавник, чаши, чинии и прибор – практична обука;
  • Прв настап и прием на гости – практична обука.

По завршување на обуката кандидатите се способни да:

  • Ги познава основите на хотелското и угостителското работење;
  • Користи правилен начин на употреба и одржување на средствата за работа;
  • За основи на правилно чување на храната и хигиенски стандарди;
  • Воспостави правилен начин на комуницирање со клиентите;
  • Воспостави начин на поставување на масата;
  • Зема порачки и начин на сервирање на храната и пијалаците;
  • Го одржува инвентарот во барот (апарати, чаши, пијалаци и др);
  • Врши контрола на издадени сметки и контрола на квалитетот на услугата;
  • Применува основи на прва помош и заштита при работа.
  • Планира, подготвува и изведува работи во угостителските објекти;  
  • Врши проверка на квалитетот на извршената работа;
  • Организира и сервира ресторанска маса за вечера или ручек по избор од листата на јадења или по утврдено мени;
  • Користи опрема и инвентар потребен при послужувањето на јадењата и пијалаците;
  • Применува во практика правила при послужување на различни видови дневни оброци;
  • Применува правила за сервирање на маси за свадба;
  • Презентира гастрономски правила пред гостинот;
  • Применува прописи за заштита при работа и заштита на животната средина;
  • Издава и наплатува сметка за извршената услуга.

 

За кого е наменетa обуката? 

  • За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како келнери;
  • За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
  • За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
  • За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата;

Времетраењето на програмата: 2-3 месеци по договор според утврдена динамика.

Почеток на обуката:  Веднаш по формирање на група.

Каде: Во просториите на Тренинг центар ЦЕС.

РЕДОВНА ЦЕНА НА КУРСОТ  39.000,00 ден - Можност за плаќање на  3-4  рати

Зошто во Тренинг Центар ЦЕС?

  • Затоа што ние Ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и матријали за работа бесплатно, затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми  и сте со постојан надзор за совет, проверка, корекција и насока на правилна работа;
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при вработување  на кандидатите коишто ја завршиле обуката и директно посредува помеѓу ученикот и работодавачот бесплатно;
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме;
  • Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки.

Угостителски струки