Курс за маникир

Курсот за маникир е наменет за сте возрасти, а посебно за

  • невработени лица и долгорочно невработени лица
  • вработени лица кои сакаат доквалификација и преквалификација
  • загрозени групи на пазарот на трудот

За посетувањето на курсот не е потребно претходно искуство.
Талентот е само мал дел од успехот, но потребен е ентузијазам, работа и желба за постојано истражување и експериментирање.
Доколку сакате да го развиете својот талент и да влезете во светот на убавината и креативноста, тогаш ова е вистинска понуда за Вас. Време е да го претворите својот талент во блескава иднина и успех!

Оваа понуда не носи само успех туку и можност по најповолна цена да го остварите својот сон. Оспособувањето за маникир подразбира обука каде што кандидатот ќе стекне знаење и вештини за обработка на нокти и регии на нокти.
На практичната обука кандидатите ќе се запознаат со анатомијата на рацете, хистологијата на кожата, обликување нокти, отклонување на кутикули, постапка на работа на маникир, лакирање нокти, масажа на дланки, употреба на алати и прибори, одржување и стерилизација.
За време на курсот ќе научите што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да изградите добар имиџ на салонот и да остварите успешно работење.

Што ќе научите на курсот?

Обуката ги опфаќа следните техники:

  • хистологија на кожа
  • анатомија на раце
  • обликување нокти
  • отклонување кутикули
  • постапка на работа на маникир
  • лакирање нокти
  • масажа на дланки
  •  употреба на алати и прибор
     

 

Козметичко фризерска струка