Курс за масер за естетска масажа

Обуката за Масер за естетска масажа ​во нашата компанија е дизајнирана за сите идни професионалци, односно за сите учесници кои го сакаат овој вид на мануелен труд, со кој сигурно ќе биде полесно да се дојде до работа, како во салон, така и преку можност за отворање самостојно работно место во кое ќе можат да им дадат на клиентите сè она за кое дотогаш биле обучени.

  • За кого е наменет курсот -  невработени лица и долгорочно невработени лица, вработени лица кои сакаат доквалификација и преквалификација, загрозени групи на пазарот на трудот
  • Почеток на обуката - 15.11.2018 || 07.12.2018
  • Каде - Во просториите на Тренинг центар ЦЕС

ДОКОЛКУ СЕ ПРИЈАВИТЕ ДО 10.11.2018 ДОБИВАТЕ:

  •  50% ПОПУСТ СО ВРЕДНОСЕН ВАУЧЕР ОД 19500,00 ДЕНАРИ
  •  ПРИЗНАЕН ДРЖАВЕН СЕРТИФИКАТ
  •  ГРАТИС ОБУКА ПО ИЗБОР: МАНИКИР, ПЕДИКИР ИЛИ ДЕПИЛАЦИЈА

РЕДОВНА ЦЕНА НА КУРСОТ - 39.000 ДЕНАРИ со можност за плаќање на 3-4  рати

Масажата со векови наназад е позната техника за опуштање на телото и умот. Позитивно влијае на здравјето и убавината и е одличен избор за меѓусебно уживање и релаксација по напорните и стресни денови. Само еден мал допир може да ви даде и промени многу. Љубовта, допирот и масажата се неразделни, а денес поради секојдневното динамично темпо на живот и присутен стрес, честопати забораваме на нив и на малите гестови кои многу значат.

Масажата  не служи само за олабавување на мускулите и релаксација, тоа е многу значаен процес во решавањето на одредени здравствени проблеми, и врз основа на тоа се запознаваат нашите ученици со основите на анатомијата и физиологијата на телото. Во текот на траењето на курсот, ​​слушателите  учат за основните техники на масажа.

ШТО ДОБИВАТЕ СО ВАКОВ ВИД НА ДОКВАЛИФИКАЦИЈА И ШТО Е ОНА ПО ШТО СМЕ РАЗЛИЧНИ ОД ДРУГИТЕ?

Добивате признаена диплома од Министерство за Образование со која ке можете да работите како професионалец во салон за масажа, или да отворите свој сопствен дуќан Обуката зa Mасер за естетска масажа има позитивно мислење од страна на Министерство за Образование на Република Македонија со решение бр 09-73/2016.

КРАТОК ОПИС НА ПРОГРАМАТА

  • Програмата „Масер за естетска масажа” е насочена кон стручно оспособување на учесниците за самостојно извршување работни задачи масер за тело во козметички салон. Стекнатите вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
  • Структурата на програмата е следна: стручно-теоретски дел, практична обука и проверка на постигањата на  кандидатите (завршен испит). Времетраење на програмата е 200 часа.
  • Стручно-теретскиот  дел од обуката ќе се реализира во училница-кабинет, опремен според правилникот за стандардите за просторот и опрема.
  • Теоретскиот дел од обуката ќе го реализира наставен кадар со завршени студии по медицина.
  • Практичниот дел од обуката ќе се реализира во козметички салони. Практичниот дел од обуката ќе го реализира козметичар-масер со работно искуство.
  • Третиот дел од програмата е проверка на постигањата на кандидатите или завршниот испит.

 

По завршување на обуката кандидатот ќе биде оспособен да:

  • познава организација и опременост на салонот за масажа и работни задачи на масерот
  •  користи рационално материјали, опрема и време,
  •  комуницира со корисниците на услугите применувајќи принципи на работна култура,
  •  применува санитарно-технички норми за вршење на лични услуги,
  •  разликува начини за одржување на лична хигиена и хигиена во салонот,
  •  идентификува средства и апарати за масажа,
  •  познава градба и функција на локомоторен апарат
  •  познава услови за масажа во однос на работното место, клиентот, правила на масажа, индикации и  контраиндикации
  • објаснува дејство на масажата на организмот
  •  познава техники на традиционална масажа, естетска масажа- релакс, антицелулитна масажа
  •  спроведува масажни техники на тело,
  •   применува мерки за заштита во работната  и животната средина,
  •   развива одговорност при работа во тим и интерес за доживотно учење.
  •  планира и организира простор и работа во салон за масажа
  •  дезинфицира и стерилизира простор, работни површини, прибор и апарати за масажа
  •  врши прием на клиент
  •  подготвува работно место и клиент за масажа
  • препознава индикации и контраиндикации за масажа
  •  избира третман на масажа според состојбата и желбата на клиентот
  •  изведува техники на основни и комбинирани  масажни движења
  •  изведува техники на традиционална масажа (општа, локална), естетска масажа
  •  применува норми на работна етика
  • работи во согласност со прописите за лична заштита  и заштита на клиентите и околината

Зашто во Тренинг центар ЦЕС?

Оваа обука ви нуди можност да стекнете знаење за совршено познавање на маникирот, надградба на нокти и екстензија на нокти. Обуката опфаќа теоретски и практичен дел и обезбеден материјал за работа. Тренинг центар ЦЕС обучува стручен кадар во оваа област на високо ниво, што претставува одлична појдовна основа за секој кој што сака да се бави со овој профитабилен бизнис. Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при запослување на кандидатите кои што ја завршиле обуката и директно посредува измеѓу  ученикот и работодавачот бесплатно.

  • Затоа што ние ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и матријали за работа бесплатно, затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми и сте со постојан надзор за совет, проверка, корекција и насока на правилна работа. 
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при запослување на кандидатите кои што ја завршиле обуката и директно посредува измеѓу ученикот и работодавачот бесплатно
  • Затоа што ние нудиме бесплатна пракса
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме
  • Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки

ДОЈДЕТЕ И УВЕРЕТЕ СЕ ЗАШТО СМЕ НАЈДОБРИ!

Козметичко фризерска струка