Курс за монтажа и одржување лифтови

Дали би сакале да добиете професионална обука и да бидете одговорни за одржување и монтажа на лифтови? Ако некогаш сте го помислеле тоа, еве ја вистинската можност за Вас!

Лицата одговорни за одржување на лифтови ќе бидат обучени да ги читаат шематските планови за да можат да го одредат распоредот на компонентите на системот, како и да ја изберат опремата потребна за инсталација или поправка. Исто така ќе бидат оспособени да ги поврзуваат електричните жици за да можат да ги контролираат панелите и електричните мотори. Исто така ќе можете да вградувате или заменувате лифтови во станбени згради, индустриски погони, работилници и други објекти.

Пријавете се за посета на овој курс за да се здобиете со занимање кое ќе Ви донесе одличен приход.

СТАНЕТЕ ПРОФЕСИОНАЛЕЦ СО НАША ПОМОШ!

Лицата кои ќе ја завршат обуката исто така ќе бидат оспособени да ги проверуваат правилно инсталираните опреми за да се исполнува секогаш работата според спецификациите. Ќе можат да отстрануваат неисправности во сопирачките на лифтовите, моторите прекинувачите и контролните системи.

Ќе бидете специјализирани за инсталација, одржување и поправка на лифтовите. Ова подразбира дека е потребно знаење од областа на електрониката, хидрауликата и електричната енергија. Повеќето лифтови имаат комјутеризирани системи за контрола што резултира со покомплексни системи. Откако ќе се инсталира лифтот, мора редовно да се одржува и да се сервисира. Лицата одговорни за тоа генерално вршат превентивно одржување, како што е подмачкување на подвижни делови, замена на истрошените делови и прилагодување на опремата за оптимални перформанси.

Обуката ги опфаќа следниве техники:

  • Одредување на инсталациски места на поедини елементи на конструкцијата;
  • Поставување метални водилки на кабината на лифтот, и заштитни цевки за електрични проводници;
  • Вградување на електричните компоненти за управување на системот на секој спрат;
  • Инсталација на главна командна плоча;
  • Монтажа на врата и кабина на погон;
  • Контрола на системот;
  • Одржување на лифтови (замена на дотраени делови, подмачкување на лежиштата и повторно подесување на системот).

За кого е наменетa обуката? 

  • За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како одржувачи на лифтови;
  • За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
  • За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
  • За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата;

Информации

  • Времетраењето на програмата 3 месеци по договор според утврдена динамика.
  • Почеток на обуката:  Веднаш по формирање на група.
  • Каде:   Во  просториите на  Тренинг центар ЦЕС.
  • РЕДОВНА ЦЕНА НА КУРСОТ  39.000 ден со можност за плаќање на 3-4 рати

 

Зошто во Тренинг Центар ЦЕС?

  • Затоа што ние  Ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и матријали за работа  бесплатно , затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми  и сте со постојан надзор за совет, проверка, корекција и насока на правилна работа;
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при вработување  на кандидатите коишто ја завршиле обуката и директно посредува помеѓу ученикот и работодавачот бесплатно;
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме;
  • Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки.

ДОЈДЕТЕ И УВЕРЕТЕ СЕ ЗАШТО СМЕ НАЈДОБРИ!
 

Градежна струка