Курс за нега на стари лица

Грижата за старите лица претставува исполнување на посебните потреби и барања кои се единстваени за оние на кои им се потребни. Овој широк поим ги опфаќа услугите како што седневна нега, долготрајна нега, нега во старечки домови, како и домашна нега. Поради големата разновидност на грижа за стари лица како и разликите во културните перспективи луѓето коишто се одговорни за тоа занимање треба да се трпеливи, полни со разбирање, љубов и посветеност затоа што ова занимање е едно од најсензитивните.

Негата на старите лица ја нагласува нивната социјална и лична потреба за помош во секојдневните активности и здравствената заштита, како и живот со достоинство. Ако сте хумана личност и сакате да направите некој да се почувствува сакано, згрижено и да исполните нечие срце со топлина и внимание, тогаш овој курс ќе Ви помогне да станете уште поголем хуманист и голем човек.

Дозволете на професионалци да се погрижат за Вас и да ви ја дадат потребната обука преку која ќе ја преточите таа Ваша хуманост во вештини со кои ќе дадете среќа на оние на кои највеќе им е потребна.

Со оспособување за нега на стари лица кандидатите стекнуваат знаења и вештни во пружање прва помош и нега на стари или болни лица во вид на одржување лична хигиена (капење и пресоблекување), помош при исхрана, физички активности, движење и подигнување на лицата за кои се грижат, специфичните потреби на старите лица, помош во дневното распоредување и примена на лекови, преглед и нега на кожата за превенција на развој на декубитис, како и комуникација со лица кои патат од деменција.

По завршување на обуката кандидатите се способни да:

  • Планира, подготвува и организира работа, самостојно, во тим и под надзор на надлежно стручно лице во здравствени и социјални установи и во домашни услови, каде престојуват стари и немоќни лица; 
  • Извршува работи и работни задачи во согласност со етичките норми и методи за  комуникација со стари и немоќни лица; 
  • Познава, разбира и применува основни медицински знаења и стекнати вештини за базична нега на стари и немоќни лица; 
  • Воочува и следи елементарни психофизички промени;
  • Ккористи медицински и ергономски принципи во дневните активности;
  • Оовозможува психолошка и социјална поддршка на стари и немоќни лица;
  • Познава, разбира и применува основни знаења за услугата помош и нега во домашни услови и поддршка во секојдневните активности на стари и немоќни лица; 
  • Користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена и природна  исхрана на стари и немоќни лица; 
  • Подготвува материјал и применува техники за местење и менување на постела и облека на стари и немоќни лица;
  • Иизведува манипулација при физиолошка потреба на неподвижни стари лица и применува постапки за правилено користење на садови при истата;
  • Пприменува вештини за работа во тим, комуникација и проактивен пристап во пружањето на услугата;
  • Оодржува хигиена и уредност на околината, спречува инфекции (врши дезинфекција и стерилизација);
  • Се грижи за квалитет и квантитет на извршената работа;
  • Се грижи за безбедноста и здравјето при работа и за заштита на околината.

НАСМЕВКАТА НА НЕЧИЕ ЛИЦЕ ЗНАЧИ СРЕЌА!

За кого е наменетa обуката? 

  • За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како негователи на стари лица;
  • За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
  • За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
  • За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата;

Информации

  • Времетраењето на програмата 3 месеци по договор според утврдена динамика.
  • Почеток на обуката:  Веднаш по формирање на група.
  • Каде:   Во  просториите на  Тренинг центар ЦЕС.
  • РЕДОВНА ЦЕНА НА КУРСОТ  39.000 ден со можност за плаќање на 3-4 рати

 

Зошто во Тренинг Центар ЦЕС?

  • Затоа што ние  Ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и матријали за работа  бесплатно , затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми и сте со постојан надзор за совет, проверка, корекција и насока на правилна работа;
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при вработување  на кандидатите коишто ја завршиле обуката и директно посредува помеѓу ученикот и работодавачот бесплатно;
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме;
  • Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки.

ДОЈДЕТЕ И УВЕРЕТЕ СЕ ЗАШТО СМЕ НАЈДОБРИ!