Курс за педикир

Курсот за педикир е наменет за сте возрасти, а посебно за

  • невработени лица и долгорочно невработени лица
  • вработени лица кои сакаат доквалификација и преквалификација
  • загрозени групи на пазарот на трудот

За посетувањето на курсот не е потребно претходно искуство. Талентот е само мал дел од успехот, но потребен е ентузијазам, работа и желба за постојано истражување и експериментирање. Доколку сакате да го развиете својот талент и да влезете во светот на убавината и креативноста, тогаш ова е вистинска понуда за Вас.
Оспособувањето за педикир подразбира обука каде што кандидатот стекнува знаење и вештини за обработка на стапало, нокти и регии на нокти. Кандидатите ќе се запонзаат со анатомијата на стапалото, хистологија на кожа, медицински и естетски педикир, обработка на нокти, употреба на алат и прибор.
За време на курсот ќе научите што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да изградите добар имиџ на салонот и да остварите успешно работење.

Што ќе научите на кирсот?

Обуката ги опфаќа следните техники:

  • правилна обработка и нега на здебелени пети
  • обработка на враснат нокт
  • средување нокти
  • траен френч
  • целосна протетика на нокти на нозете

 

Козметичко фризерска струка