Курс за продавач на мешовита роба

Без разлика дали свесно или несвесно, од почетокот па до крајот на нашите животи  - ние постојано продаваме. Некој продава производи, друг продава услуги, меѓутоа сите ги продаваме нашите идеи трудејќи се да ги убедиме луѓето во нашата околина да размислуваат и делуваат исто како и ние.

Мислењето дека продавачот се раѓа не е точно, исто како што не се раѓаат лекари, адвокати, архитекти или припадници на било која професија. Продавачите се создаваат преку работа и учење. Кога ќе му кажеме на некого дека е роден трговец тогаш мислиме дека има само талент. Сепак талентот е само 5-10% од успехот. Се останато е труд и работа. Ова укажува на фактот дека секое лице што има голема желба да стане успешен продавач тоа ќе го стори со вежбање и постојано напредување.

Нашиот курс за Продавач на мешовита роба ќе Ви помогне за да станете тој успешен трговец којшто ќе ги научи сите детали околу продажбата и ќе биде успешен во својата работа. Дозволете ни да Ви помогнеме да ја развиете вашата самодоверба, да имате моќ да продадете што сакате и на кого сакате и да заработувате од тоа. Бидете поразличен од другите, бидете тој кој сите ќе го препознаваат и ќе има свој печат во трговијата и продавањето. Изградете кариера којашто може да Ве однесе далеку.

ЗАРАБОТЕТЕ ОДЛИЧНО И ТОА САМО СО НАСМЕВКА И САМОДОВЕРБА!

Обуката ги опфаќа следните техники:

  • Запознавање со работа во трговија;
  • Видови роба;
  • Сортирање на роба;
  • Аранжирање роба на рафтови;
  • Услужување и грижа за купувачи;
  • Тимска работа.

По завршување на обуката кандидатите се способни да:

  • Ја планира и подготвува сопствената работа ;
  • Рационално ја користи енергијата, материјалите и времето ;
  • Води грижа за квалитетот на извршените работи и услуги и одговара за нив ;
  • Комуницира со соработниците, стручните служби и со клиентите;
  • Користи соодветни информациско-комуникациски средства ;
  • Води грижа за безбедност и заштита при работа и заштита на животната средина ;
  • Води грижа за заштита на личните податоци на купувачите;
  • Постапува според Законот за заштита на потрошувачите ;
  • Развива претприемачки квалитети, вештини и однесување ;
  • Организира настани во продавницата за да го зголеми интересот на купувачите (дегустација, демонстрација и др.);
  • Надгледува залихи и асортиман на стоките;
  • Презема производи;
  • Подготвува стоки за продажба ;
  • Продава стоки;
  • Врши благајнички работи ;
  • Учествува во пописот на залихите ;
  • Континуирано професионално се развива .

За кого е наменетa обуката? 

  • За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како продавачи;
  • За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
  • За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
  • За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата;

Информации

  • Времетраењето на програмата 3 месеци по договор според утврдена динамика.
  • Почеток на обуката:  Веднаш по формирање на група.
  • Каде:   Во  просториите на  Тренинг центар ЦЕС.
  • РЕДОВНА ЦЕНА НА КУРСОТ  39.000 ден со можност за плаќање на 3-4 рати

Зошто во Тренинг Центар ЦЕС?

  • Затоа што ние  Ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и матријали за работа  бесплатно , затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми  и сте со постојан надзор за совет, проверка, корекција и насока на правилна работа;
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при вработување  на кандидатите коишто ја завршиле обуката и директно посредува помеѓу ученикот и работодавачот бесплатно;
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме;
  • Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки.

ДОЈДЕТЕ И УВЕРЕТЕ СЕ ЗАШТО СМЕ НАЈДОБРИ!

Трговска струка