Курс за ракувач на виљушкар

Она што денес ја издвојува една личност од масата народ и што ја прави успешна е поседување на вистинско знаење и вештини, како и нивна правилна употреба. Поседувањето вештини кои можат да ви донесат добро платена работа, дури и во денешното време на несигурност, се непроценливо богатство. Дали знаевте дека не секој може да управува со виљушкар? Управувањето на виљушкар е специјализирана работа која бара обука од страна на квалификувани професионалци . Дозволете ни да Ви помогнеме и да ја преточиме вашата желба во реалност!

  • За кого е наменет курсот - За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како управувачи на виљушкари; оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање; фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени
  • Времетраење - 3 месеци по договор според утврдена динамика
  • Почеток на обуката - По договор со слушателите со формирање на група
  • Каде - Во просториите на Тренинг центар ЦЕС

Кандидатот кој  успешно ќе ја заврши обуката се  здобива со сертификат за „Ракувач на виљушкар”.

ЦЕНА НА КУРСОТ - 39,000 ДЕНАРИ СО МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ

Програмата овозможува работно оспособување на учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции за самостојно ракување со виљушкар и управување на виљушкарот на работното место. Програмата преку предвидената реализацијатаза практична и теоретска обука води до стекнување на Сертификат насловен како „Сертификат за самостојно вршење на работи и работни задачи ракувач на виљушкар“.

Предвидено е теоретскиот дел да се изведува од 2 до 3 пати во неделата, а практичниот дел ќе се изведува во реални услови, работилница или погон под надзор. Теоретската обука се одвива во училници или кабинети под менторство на професор, а практичната обука ќе се изведува во реална компанија. Учесниците ќе бидат под менторство на професор и ментор вработен во компанијата.

По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи за самостојна работа со виљушкар, ќе стекне работни навики и работна дисциплина, ќе применува средства за заштита при работа, ќе развие правилен однос и грижа како за сопственото здравје и безбедност така и за другите лица, ќе развие свест за правилен однос кон машините, алатите, опремата и стручна подготвка на виљушкарот, прецизност и одговорност при изведувањето на работните операции со виљушкар како што се: подигнување, задржување, спуштање и пренесување на товар, превентивно ќе го одржува виљушкарот во исправна состојба и ќе ги познава правата и обврските од работниот однос. Постигањата на учесниците ќе се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаењата, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини. После завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит. По успешно положениот завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат “Сертификат за самостојно вршење на работи и работни задачи ракувач на виљушкар“ по верифицирана програма од I ниво.

Опис на програмата

  • Што е виљушкар;
  • Физика на виљушкарот односно на кој принцип работи;
  • Составни делови на виљушкар;
  • Анализа и организација на план за работа;
  • Извршување на сите потребни подесувањаза оптимално управување на виљушкарот;
  • Технолошки процес на транспорт;
  • Управување со гасни, моторни и електрични виљушкари;
  • Транспортна механизација;
  • Сладирање на преземена стока врз основа на документација;
  • Расповарање на стока, ракување и нејзино складирање;
  • Меѓускладишна манипулација;
  • Како редовдно да се одржува виљушкар и да се намалат трошоците на манипулација;
  • Функција на виљушкар, како за да исчитува таблицата за носивост;
  • Правила на употреба на виљушкар;
  • Безбедносни мерки;
  • Правилно истоварање и утоварање на камиони и други теретни средства;
  • Како правилно да се намести товарот;
  • Како правилно да се наполни виљушкар;
  • Како правилно да се паркира виљушкар;
  • Заштитна униформа.

 

По завршување на обуката кандидатите се способни да:

  • Ја планира и ја подготвува манипулацијата на стоката со виљушкарот;
  • Врши контрола на исправноста на виљушкарот;
  • Управува со гасните, моторните и со електричните виљушкари;
  • Ја преместува стоката од едно до друго место;
  • Манипулира со опасните материи;
  • Ги одржува во исправна состојба виљушкарите;
  • Ги познава својствата на материјалите што ги транспортира;
  • Ги познава ознаките на амбалажата на стоката;
  • Ги почитува правилата за заштита при работа;
  • Ги почитува правилата и прописите во внатрешниот транспорт;
  • Комуницира со соработниците и претпоставените;
  • Ги користи компјутерската опрема и програмските алатки;
  • Ги заштитува работната и животната средина.

Зашто во Тренинг центар ЦЕС?

  • Затоа што ние ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и матријали за работа бесплатно, затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми и сте со постојан надзор за совет, проверка, корекција и насока на правилна работа. 
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при запослување на кандидатите кои што ја завршиле обуката и директно посредува измеѓу ученикот и работодавачот бесплатно
  • Затоа што ние нудиме бесплатна пракса
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме
  • Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки

ДОЈДЕТЕ И УВЕРЕТЕ СЕ ЗАШТО СМЕ НАЈДОБРИ!

Градежна струка