Курс за ракувач со градежни машини

Дали некогаш сте помислиле дека сакате да бидете ВИЕ тие коишто ги управуваат огромните градежни машини како што се булдожери, багери, ровокопачи?

Овој курс ќе ви ги даде сите потребни вештини и квалификации за успешно вршење на ова занимање коешто е застапено се повеќе во светот. Ќе бидете обучени за да можете освен да ги управувате овие машини и да придонесувате за подобро стопанство, да ги одржувате истите, да ја контролирате нивната исправност, да вршите поправки.

Оваа прилика не смеете да ја испуштите! Ако имате страст кон ова занимање, ако имате желба за доквалификација и усовршување Вие сте на правото место кон постигнување на целта. Не секој може да биде ракувач со градежни машини, но можеби Вие сте еден од тие што баш тоа го сакаат и можат, а немале прилика за соодветна обука до сега. Ви ја нудиме нашата поддршка и помош да се оспособите! Направете го првиот чекор и пријавете се за овој курс. Другото е наша грижа.

Опис на програмата

Програмата овозможува работно оспособување за Ракувач со градежни машини и истата е со тримесечно времетраење, стручно теоретски содржини кои се  во функција на практичната обука,  која  пак се изведува на плато и терен во реални услови. По успешното завршување на програма учесникот ќе  се оспособи да ја планира и  организира работата со градежната механизација според инструкциите на претпоставениот, рационално користи машини, уреди,  средства за работа, енергија, материјал и време, подготвува и проверува исправност на алати, уреди и механизација  за работа, идентификува опасности и презема мерки за стабилност на теренот, изведува земјени работи во различни изведбени постапки според проектот и инструкциите, ракува и управува со градежна механизација за земјени работи на терен, изведува ископ, депонира ископан материја, рамни, набива, распостелува, меша, набива, товара, чисти снег, користи технички упатства за ракување, пополнува пропишана документација, гарантира за квалитетот на извршените работи и одговара за нив.

Се грижи за безбедноста при работа, здравјето и заштитата на работната околина, комуницира со соработниците, познава права од работен однос, можности за отварање  и водење на мал бизнис.

По завршување на обуката кандидатите се способни да:

  • Управуваат со механизација со различен погон;
  • Применуваат соодветен алат, опрема и средства;
  • Работа со карпи;
  • Работа на патишта;
  • Пренос и подигнување
  • Изведуваат искпоп, рамни,  расчистува, изведува и ревитализира одводни канали;
  • Одржуваат патишта, набива подлога, чисти одрон, снег, превентивно ја одржува механизацијата, учествува во нејзино корективно одржување и сервисирање;
  • Воочува најчести дефекти, согледува причини за појава на истите, применува правила и прописи за квалитет и сигурност при работата и се грижи за личното здравје и здравјето на луѓето и животната средина.

За кого е наменетa обуката? 

  • За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како ракувачи со градежни машини;
  • За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
  • За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
  • За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата;

Информации

  • Времетраењето на програмата 3 месеци по договор според утврдена динамика.
  • Почеток на обуката:  Веднаш по формирање на група.
  • Каде:   Во  просториите на  Тренинг центар ЦЕС.
  • РЕДОВНА ЦЕНА НА КУРСОТ - 39.000 ден со можност за плаќање на 3-4 рати

Зошто во Тренинг Центар ЦЕС?

  • Затоа што ние  Ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и матријали за работа  бесплатно , затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми  и сте со постојан надзор за совет, проверка, корекција и насока на правилна работа;
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при вработување  на кандидатите коишто ја завршиле обуката и директно посредува помеѓу ученикот и работодавачот бесплатно;
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме;
  • Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки.

ДОЈДЕТЕ И УВЕРЕТЕ СЕ ЗАШТО СМЕ НАЈДОБРИ!

Градежна струка