Курс за рецепционер

Да се биде рецепционер, всушност може да биде неверојатно исполнет пат во кариерата, со голем потенцијал за добра заработка. Ако барате нешто ново и возбудливо, нешто наградувачко, забавно и со големи можности ова е совршениот курс за Вас. Ние ќе Ве воведеме во внатрешната приказна да се биде рецепционер! Рецепционерот е лицето на една компанија коешто го остварува првиот бизнис контакт со клиентите и затоа неговата улога е од огромно значење за една компанија. Работејќи како рецепционер, ќе можете да ги развиете Вашите вештини на неверојатен начин.

Програмата за обука на Рецепционер има за цел стекнување на професионални квалификации на учесниците на истата преку утврдени тематски целини кои опфаќаат работни задачи на рецепционер во хотел.  Програмата вклучува теоретски и практични часови преку кои учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини потребни за оспособување да работат како рецепционери.

ДОЗВОЛЕТЕ НИ ДА СМЕ ТУКА ЗА ВАС И ЗАЕДНО ДА ЈА ОСТВАРИМЕ ЦЕЛТА!

Теоретскиот дел содржи тематски целини со кои учесниците се стекнуваат со потребните знаења предвидени во содржината, специфични за туристичката дејност, и истите се однесуваат на реални работни задачи и активности кои ги извршува лице рецепционер во хотел. Практичниот дел од програмата подразбира реализација на практично работење на работните задачи на рецепционер, а заради стекнување на практични знаења и демонстрирање на истите во пракса. Во овој дел се обезбедува реално работење на рецепционер, односно спроведување на задачите во реални услови, при што учесникот практично го стекнува. 

Наставната програма за Рецепционер е наменета за лица кои сакаат или имаат потреба од стекнување на основни познавања, но и вештини заради полесно вклучување на пазарот на трудот, и квалификација и/или доквалификација на нивното образование и знаење. Можноста за напредување е во степенот на нивната доквалификација преку оваа програма која треба да придонесе за полесно вклучување на учесниците на пазарот на трудот во Република Македонија.

НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА ДА СТАНЕТЕ ТОА ШТО САКАВТЕ ДА БИДЕТЕ!

Опис на програма:

  • Развој на позитивна ориентација;
  • Тим и тимска работа;
  • Развој на национална и верска толеранција и почитување на националните навики и обичаи на гостите;
  • Комуникација со гости, соработници и корисници на услугите;
  • Развој на вештини за надминување на конфликтни ситуации со почитување на принципот „гостинот е секогаш во право“;
  • Развој на одговорен однос кон задачите и работното време;
  • Компромис, толеранција и професионалност во работењето;
  • Поим за современа организација на хотелот.

По завршување на обуката кандидатите се способни да:

  • Подготвува, организира и извршува работни задачи;
  • Рационално користи материјали, опрема и време;
  • Комуницира со соработници и корисници на услуги на странски јазик;
  • Користи компјутерска технологија и софтверски алатки за реализација на работните задачи;
  • Применува принципи на работна култура во комуникацијата со деловни партнери, клиенти и соработници;
  • Резервира и издава сместувачки капацитети;
  • Прима, сместува и испраќа гости;
  • Информира и советува гости;
  • Пресметува и наплатува услуги;
  • Врши телефонски услуги;
  • Ракува со собните картици (клучеви);
  • Подготвува извештаи и статистички прегледи;
  • Обезбедува квалитет на работата на помошниот персонал;
  • Врши надзор на работењето на помошниот персонал;
  • Применува мерки за заштита на клиентите и околината, во согласност со хигиенско-технички, противпожарни и други заштитни мерки.

За кого е наменетa обуката? 

  • За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како Рецепционери;
  • За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
  • За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
  • За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата.

Времетраењето на програмата: 2-3 месеци по договор според утврдена динамика.

Почеток на обуката:  Веднаш по формирање на група.

Каде: Во просториите на Тренинг центар ЦЕС.

РЕДОВНА ЦЕНА НА КУРСОТ  39.000,00 - Можност за плаќање на  3-4  рати

 

Зошто во Тренинг Центар ЦЕС?

  • Затоа што ние Ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и матријали за работа бесплатно, затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми  и сте со постојан надзор за совет, проверка, корекција и насока на правилна работа;
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при вработување  на кандидатите коишто ја завршиле обуката и директно посредува помеѓу ученикот и работодавачот бесплатно;
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме;
  • Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки.

Угостителски струки