Курс за сервир/сервирка

Дали сте размислувале да бидете стожерот на случувањата во некој бар, паб или можеби ресторан. Нашиот курс за сервир/сервира може да Ви го овозможи тоа. Ако сте темпераментна личност која сака да е во центарот на многу случувања, ако сте позитивни и имате желба да сте во таа сфера на случувањата тогаш ова е одлична прилика за Вас. Со овој курс ќе имате прилика да ги научите сите аспекти од ова занимање, како да станете професионалец во тоа што го работите и како да Ве исполнува тоа што го работите!

Курсот за сервир/сервирка е наменет за сите возрасти, а посебно за сите оние кои се заинтересирани да работат во угостителско-туристичката дејност. Обуката  опфаќа соодветна подготовка и начин за совладување на сите неопходни техники и знаења потребни за квалитетно извршување на ова угостителско занимање. Постои широк дијапазон на можности за вработување во оваа струка: градинки, училишта со кујни, училишни мензи, ученички домови, домови за стари лица, болници, кампови, кујни на големи угостителски објекти и хотели во земјата и странство.

Со оглед на тоа дека овој вид работа е тесно поврзана за комуникација со различни социјални категории луѓе, нашиот курс за сервир/сервирка посветува посебно внимание на мотивирање на кандидатите за да можат да го прилагодат својот пристап кон дадените ситуации и кај себе да развијат комуникациски способности. Дозволете ни да Ве запознаеме поблизу и да Ви помогнеме да го направите првиот чекор кон постигнување на Вашата цел!

НАПРАВЕТЕ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР И ЌЕ ГО ДОСТИГНЕТЕ ПОСАКУВАНИОТ РЕЗУЛТАТ!

Работејќи како Сервир/Сервирка, Вие ќе бидете одговорни за гостите да бидат услужени според стандардите на компанијата во која ќе работите. Ќе бидете одговорни во секој момент гостите да ја доживеат пријатната атмосфера во локалот, пружајќи им чувство на пријатност, удобност и релаксација. Ова занимање исто така подразбира објаснување на пијалоци, состав на коктели, видови на кафиња, земање нарачки и професионално доставување на истите.

Ќе имате можност од запознавање на многу најразлични личности што ќе Ви помогне за развивање на вештини во однос на перцепција, мулти таскинг итн. Ова занимање може да биде првиот чекор во понатамошна кариера и повисоки работни позиции. Само треба да имате желба и упорност.

По завршување на обуката кандидатите се способни да:

  • Одговорност и функција на сервир/сервирка;
  • Гости (различни категории гости);
  • Контролираат квалитет
  • Примена на процедури на нарачување
  • Применуваат сугестивна продажба;
  • Користат различни начини на послужување (носење послужавник, страни за приод на гости, проследување нарачки, спремање на маса во присуство на гости);
  • Презентираат сметка;
  • Имаат правилен пристап и комуникација;
  • Применуваат различни начини на препорачување на понудите на гостите;
  • Комуницираат со колекти;
  • Водат сметка за изгледот на персоналот;
  • Применуваат мерки за заштита при пработа;
  • Пружаат прва помош на гости/колеги во случај на повреда.

За кого е наменетa обуката? 

  • За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како сервири;
  • За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
  • За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
  • За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата;

Информации

  • Времетраењето на програмата 3 месеци по договор според утврдена динамика.
  • Почеток на обуката:  Веднаш по формирање на група.
  • Каде:   Во  просториите на  Тренинг центар ЦЕС.
  • РЕДОВНА ЦЕНА НА КУРСОТ:  39.000 ден со можност за плаќање на 3-4 рати

Зошто во Тренинг Центар ЦЕС?

  • Затоа што ние  Ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и матријали за работа  бесплатно , затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми  и сте со постојан надзор за совет, проверка, корекција и насока на правилна работа;
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при вработување  на кандидатите коишто ја завршиле обуката и директно посредува помеѓу ученикот и работодавачот бесплатно;
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме;
  • Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки.

ДОЈДЕТЕ И УВЕРЕТЕ СЕ ЗАШТО СМЕ НАЈДОБРИ!

Угостителски струки