Курс за сервисер за бела техника

Сите ние барем еднаш сме имале потреба од личност која ќе ни поправи дела од белата техника. Дали сакате Вие да бидете таа личност?

Ова занимање е неопходно за секое домаќинство, компанија, институција. Преку нашиот курс за Сервисер за бела техника Вие ќе станете професионалец во оваа сфера и ќе се обучите за „враќање во живот“ на белата техника. Без разлика каде ќе живеете во иднина, со овој курс ќе имате можност за да го работите ова било каде. Сервисерите за бела техника инсталираат, одржуваат, сервисираат и поправаат широк спектар домашни апарати. Тука спаѓаат уреди како што се машини за перење, сушара за сушење, машини за миење садови, шпорети, фрижидери и замрзнувачи, како и помали предмети како што се правосмукалки, микробранови. Сервисерите секогаш треба да работат со висок стандард и да бидат свесни за здравствените и безбедносните практики при сервисирање на апарати за домаќинство. Постојат многу строги правила за безбедно работење со електрична енергија или гас.

Ако сте заинтересирани за овој вид на занимање и ако имате желба да бидете и Вие дел од овој свет Ние можеме да Ви помогнеме и да го направиме вистинскиот професионалец од Вас. ПРОФЕСИОНАЛЦИ ЗА ИДНИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ!

Оспособувањето за сервисер за бела техника подразбира обука од основите на електротехниката, познавање на мерни инструменти, опрема за вклучување и заштита, осигурувачи (видови), прекинувачи, релеи, бометри за меење на густина на електролити, акумулатори, статори  ротори. Кандидатите ќе стекнат знаење и вештини за приклучување на електричен шпорет, замена на термостат во бојлер, замена на грејни плоќи на шпорет, замена на гуми на врати од машина за перење, чистење на печка, замена на мотор на програматор итн.

ДОВОЛНА Е ЖЕЛБАТА, ДРУГОТО Е НАША ГРИЖА!

Обуката ги опфаќа следните техники:

  • Технологија на занимање за сервисер за бела техника;
  • Основи на електротехника;
  • Дијагностицирање на дефекти;
  • Извештаи од интервенциите;
  • Безбедност и заштита на работа;
  • Практична работа.

За кого е наменетa обуката? 

  • За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како сервисери за бела техника;
  • За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
  • За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
  • За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење

Информации

  • Времетраењето на програмата 3 месеци по договор според утврдена динамика.
  • Почеток на обуката:  Веднаш по формирање на група.
  • Каде:   Во  просториите на  Тренинг центар ЦЕС.
  • РЕДОВНА ЦЕНА НА КУРСОТ  39.000 ден со можност за плаќање на 3-4 рати

Зошто во Тренинг Центар ЦЕС?

  • Затоа што ние  Ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и матријали за работа  бесплатно , затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми  и сте со постојан надзор за совет, проверка, корекција и насока на правилна работа;
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при вработување  на кандидатите коишто ја завршиле обуката и директно посредува помеѓу ученикот и работодавачот бесплатно;
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме;
  • Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки.

ДОЈДЕТЕ И УВЕРЕТЕ СЕ ЗАШТО СМЕ НАЈДОБРИ!

Електротехничка струка