Курс за шивач

Да бидете шивач е одлична вештина поради многу причини. Има толку многу што можете да создадете со шиењето. Толку многу да направите. А тоа вклучува и многу добар приход.

Kолку пати пред излог сте си рекле себеси „Ах, кога би знаела да шијам, се нешто би си сошила. Ако навистина сериозно и сте посакале, еве прилика да ги остварите своите желби во врска со шиењето оригинални парчиња облека за своја душа. Ако сакате да го разбудите креативецот во себе и да се најдете во тој магичен свет на крпчиња, фустани, штепови и конци, придружете ни се на овој креативен курс и научите ги основните елементи на шиењето. Ние сме тука за ВАС. Дозволете да Ве воведеме во тој прекрасен свет на бои и идеи и заедно да ја постигнеме Вашата цел!

ВЕРУВАЈТЕ ВО СЕБЕ. МОЖЕТЕ ПОВЕЌЕ ОД ТОА ШТО МИСЛИТЕ ДЕКА МОЖЕТЕ!

Опис на програмата

Програмата “­Шивач“ – основно ниво е наменета  за работно  оспособување на кандидатите за шиење. Стекнатите знаења и вештини ќе им помогнат на кандидатите за полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот како и во организација и реализација на процесот на шиење. Во реализација на обуката ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор), визуелни (демонстрирање, цртање), практични методи (практична работа – вежби) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно-излагање, писмено-тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти и практична работа- вежби.

Структурата на програмата за “­Шивач“ – основно ниво е следна:

  • Стручно-теоретски дел;
  • Практична работа и;
  • Проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).

Стручно-теоретскиот дел од обуката ќе се реализира во простории опремени со компјутери, интернет, аудио и видео опрема и сл. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализираат обучувачи со завршено високо образование, VII/1 степен, технолог- текстилна насока.
Практичниот дел од обуката ќе се реализира во современо опремена текстилна работилница, а со кандидатите ќе работат професори ментори со повеќегодишно работно искуство.
Третиот дел од програмата за шивач е проверка на постигањата на кандидатите или завршниот испит.

Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се  здобива со сертификат за Шивач – основен курс. Програмата нуди можност за вертикална проодност.

УБАВИНАТА НА СОЗДАВАЊЕТО!

По завршување на обуката кандидатите се способни да:

  • Подготвува работното место;
  • Идентификува делови на обична шивачна машина;
  • Ракува со машини за шиење;
  • Разликува и изработува различни видови на бодови;
  • Разликува начини на кроење и шиење;
  • Шие специфични кројни делови на конфекциски материјал;
  • Правилно користи кројни делови на конфекциски материјали;
  • Шие здолниште, блуза и панталони;
  • Контролира сошиен конфекциски производ;
  • Поправа конфекциски производ;
  • Меѓуфазно пегла кројни делови;
  • Спроведува технолошки постапки во конфекциското производство;
  • Применува норми на работна етика.

За кого е наменетa обуката? 

  • За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како шивачи;
  • За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
  • За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
  • За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата;
  • За лица кои сакаат да се осамостојат и да отпочнат сопствен бизнис.

Времетраењето на програмата: 2-3 месеци по договор според утврдена динамика.

Почеток на обуката:  Веднаш по формирање на група.

Каде: Во просториите на Тренинг центар ЦЕС.

РЕДОВНА ЦЕНА НА КУРСОТ  39.000,00 - Можност за плаќање на  3-4  рати

 

Зошто во Тренинг Центар ЦЕС?

  • Затоа што ние Ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и матријали за работа бесплатно, затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми  и сте со постојан надзор за совет, проверка, корекција и насока на правилна работа;
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при вработување  на кандидатите коишто ја завршиле обуката и директно посредува помеѓу ученикот и работодавачот бесплатно;
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме;
  • Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки.

Текстилна струка

  • Да се биде КРОЈАЧ може да исполнета кариерна патека која вклучува внимание кон деталите и...