Курс за шминкер

Дали сте заинтересирани да изградите кариера како ШМИНКЕР? Сигурно сте возбудени да зачекорите во таа индустрија што е многу повеќе од кариера. Тоа е уметност и креативност заедно. НИЕ сме тука за ВАС, да Ви помогнеме да стигнете до Вашата цел. Замислете го задоволството кога ќе видите насмевка на нечие лице, само затоа што ВИЕ со Вашата креативност и имагинација сте направиле некој да се почувствува поубав.

Ајде заедно да му дадеме смисла на Вашиот талент и да го преточиме во успех и професија која ќе направи многумина среќни!

  • За кого е наменет курсот - За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како шминкери; За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање; За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени; За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата; За лица кои сакаат да се осамостојат и да отпочнат сопствен бизнис.
  • Времетраење - Обуката трае 6 недели. Часовите се по договор со слушателите. Шминката, како и целиот материјал потребен за работа Ви е обезбеден од наша страна.
  • Почеток на обуката - 20.03/ 20.04/ 20.05/ 20.06.
  • Каде - Во просториите на Тренинг центар ЦЕС

По завршување на обуката добивате признаен сертификат од МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ со која ке можете да работите како ПРОФЕСИОНАЛЕН ШМИНКЕР.

Оваа професија е сериозна и комплексна и многу е важно да се научи не само техниката на шминкање туку и видовите на кожа, кои материјали се најдобри за работа, изборот на алатот за работа, како и односот и комуникацијата со клиентите. Курсот за шминкери е наменет за сите оние кои имаат желба својата љубов за уметноста и убавината да ја изразат преку овој единствен и професионален начин. Курсот е прилагоден за да може една личност да се усоврши до ниво до кое ќе биде способна да ја прифати и засака работата со доверба во себе, а таа доверба ќе биде изградена со стекнатото знаење и способности.

Специфичноста во оваа работа е со посебен акцент на убавината, способноста да се вклопат боите и нијансите на бои, но и вклопување на новите и модерни трендови кои ние ги нудиме во текот на целиот курс во најпрофесионален облик на кого никој не може да му одолее.

Комуникација со клиентите

Во текот на овој курс ги едуцираме нашите кандидати за основите на професионалната шминка, а тоа пред се претставува познавање на антомијата на лицето и кожата, видови на кожа и возраст на кожата. По совладување на основите ги едуцираме кандидатите како правилно да ја применуваат шминката и да вршат корекција на одделни делови на лицето. Ако сето тоа е совладано успешно, кандидатот добива оценка од својот ментор.

  • Како се третира и шминка неправилен облик на лице?
  • Како се шминка округла форма на лице?
  • Како се шминка правоаголна форма на лице?
  • Како се шминка триаголна форма на лице?
  • Како се шминка срцевидна форма на лице?
  • Како се шминка долгнавесто форма на лице?
  • Како се избира и како се користи пудрата?
  • Како се избира и како се користи коректорот?
  • Како се нанесува пудрата во прав?
  • Како се користи руменилото?
  • Какви видови сенки за очи постојат?
  • Како преку шминкање се прави корекција на очи?
  • Како се нанесува креон?
  • Како се шминкаат и корегираат веѓите?
  • Како се нанесува римел?
  • Како се аплицираат и користат вештачките трепки?
  • Како да избереме и кој кармин да го искористиме?
  • Како се врши декорација на устата преку шминкање?
  • Како и кога се употребува дневната шминка?
  • Како и кога се употребува вечерната шминка?

Програмата е дизајнирана да дава конкретни информации и да ги следи најновите техники и трендови во светот на шминка, без оглед на тоа дали сте почетник или имате некое искуство. Вие ќе имате можност да се надградувате себе си преку најразличните вежби што ќе ви бидат дадени од наша страна. Во зависност од Вашиот резултат ќе добивате сугестии, критики и корекции од сртана на професионалци.

Бидете поразлични од шаблонот на шминкери кои постојат во многу голем број и нажалост се еден од најголемите проблеми на пазарот. Во текот на овој курс се вежба на различни модели односно различни видови на облици на лице што ќе Ви помогне да научите, размислувате и да се прилагодите кон секој клиент поединечно. Ќе научите како да го изберете правилниот производ за секој, а ваквиот личен пристап е со сигурност доволен да ја оддели Вашата работа од едноличната маса.

ИСТАКНУВАЊЕТО НА УБАВИНАТА Е ВАШЕ ЗАДОВОЛСТВО А НАША ПРИВИЛЕГИЈА

Зошто во Тренинг Центар ЦЕС?

  • Затоа што по завршување на обуката   добивате признаена диплома од Министерство за Образование  со која ке можете да работите како професионален шминкер
  • Обуката за шминкер  има позитивно мислење од страна на   Министерство за Образование на Република Македонија
  • Затоа што ние ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и матријали за работа  бесплатно , затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми  и сте со постојан надзор за совет,проверка,корекција и насока на правилна работа. 
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при запослување на кандидатите кои што ја завршиле обуката и директно посредува измеѓу  ученикот и работодавачот бесплатно
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме во центарот Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки.
  • По завршување на обуката кандидатите добиваат сет шминки

Козметичко фризерска струка