Курс за слаткар

Курсот за слаткар е наменет за сите возрасти, а посебно за

  • невработени лица и долгорочно невработени лица
  • вработени лица кои сакаат доквалификација и преквалификација
  • загрозени групи на пазарот на трудот
  • односно за сите оние кои сакаат да работат во слаткарска индустрија, во слаткарница или во слични малопродажни објекти за продажба на слатки.

Слаткарот подготвува слатки со различни вкусови, бои и облици.
Слатките отсекогаш биле на менијата на различни угостителски објекти што го прави ова занимање секогаш побарувана на пазарот на трудот.
Од одбраните намирници слаткарот прави и декорира разни слатки и често ве наведува пред излогот во кој се изложени колачи и други слатки да поминете многу повеќе време во двоумење што да одберете.
Слаткарот треба да ги познава начините на изработка на традициоанлни слатки но и да ги следи современите трендови во изработка на слатки и да ја прилагодува нивната изработка на денешниот вкус и побарувачката на потрошувачката.

Хигиената на работниот простор и свежината на намирници од кои се подготвуваат слатки се предуслов за квалитетна и успешна работа на слаткарот.

Обуката ги опфаќа следните техники

  • основни правила на хигиена
  • видови состојки
  • рецепти
  • пресметка на потребен материјал
  • техники на производство на колачи и торти
  • начини на декорирање и сервирање на подготвените слатки

Прехрамбена струка