Обуки

Обука за ефективна професионална комуникација

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 600 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот.

Зошто и колку е важна ефективната деловна комуникација во една компанија? Колкав дел од вкупното работење на организацијата претставува деловната комуникација? И конечно, што сè спаѓа во тоа? Кога велиме дека таа е ефективна? Ефективната комуникација може да го доведе вашиот клиент – соговорник во состојба на позитивни мислења, чувства и ставови кон вашиот производ или услуга, кон компанијата, нејзиниот имиџ и репутацијата.

Зошто е тоа така?

Ефективната комуникација подразбира ефикасно пренесување на одредена порака, а истовремено врши влијание и врз соговорникот преку менување на неговата емоционална состојба, ставови и верувања. Внатрешната комуникација меѓу вработените во тимот на компанијата може многу да придонесе за продуктивност. Ако постои добра, ефективна комуникација, значително се намалува изгубеното време за конфликти (некои истражувања велат дека тоа време се движи до 20 отсто од вкупното работно време), се зголемува мотивацијата и хармонијата кај вработените, што дава подобри резултати.

ПОКАНА ЗА ОБУКА НА ТЕМА ЕФЕКТИВНА ПРОФЕСИОНАЛНА КОМУНИКАЦИЈА

Обуката  ке се одржи  на датум:  04.12.2019 во просториите на Тренинг Центар ЦЕС. Обуката е наменета за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и унапредат техниките на професионалната деловна  коминикација  и да го усогласат своето работење со важечките законски прописи. Обуката ке се реализира  од страна на сертифициран предавач  со долгогодишно работно искуство од областа како и консултант на многу компании и институции: Митко Керамитчиев

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

Воведен Модул 1

o    IQ – EQ – CQ - SQ

o    КОМУНИКАЦИСКИ МОСТ – Разбирање на Субјективната Стварност

§  Shannon-Weaver модел

§  Feedback – смисолот на комуникацијата

o    Комуникациски фактори

o    Видови на комуникација

§  Вербална комуникација

·         Вежба

§  Паравербална комуникација

·         Вежба

o    Типични грешки во комуникацијата

o    Активно слушање

 

Модул 2 - КОМУНИЦИРАЊЕ ВО РАЗЛИЧНИ КОНТЕКСТИ

o    Прерамување

o    Критика без повреда

o    Справување со "тешки" и лути соговорници

o    Справување со критики и приговори

o    Емпатија vs. Сочувство

 

Модул 3 - – Асертивност

o    Значење

o    Популаризација на концептот

o    Кон кого?

o    Кога?

o    Асертивноста и интегритетот

o    Три модела на однесување

o    Препознавање на моделот

 

Модул 4 - Практични вежби

 o    Case study (ies) – решавање на ситуација од реална деловна ситуација

 o    Најчести конфликтни ситуации

       Профил на ефективен комуникатор

                   Q&A

 

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог.

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот. Краен рок на доставување на пријавите е 01.12.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Обуки

Pages