Обуки

Обука за ефективно менаџирање на вработените

ЗOШТО ДА ПОСЕТИТЕ ОБУКА ВО ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С.

Затоа што 19 години сме  лидери во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку  2000 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл, преку 32 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот.

ЗАТОА ШТО СО НАС КЕ РЕШИТЕ МНОГУ ПРАШАЊА И ДИЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ,  МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ КАКО И РАЗВОЈ  ЛИЧНИОТ И ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ- ЕДНОДНЕВНАТА  НЕСЕКОЈДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА ПРОСЛЕДЕНА СО МНОГУ ПРАКТИЧНИ ВЕЖБИ И НЕВООБИЧАЕНА ИНТЕРАКЦИЈА ПОМЕЃУ СЛУШАТЕЛИТЕ 

Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство  ТРЕНИНГ ЦЕНТАР C.E.S ВЕ ПОКАНУВА НА ПРАКТИЧНА ОБУКА  НА ТЕМА:

Ефективно Менаџирање на работното место и мотивирање на вработените - Холистички пристап во работните односи, персонален и компаниски/институционален развој преку преку примена на законските одредби и Soft – меки вештини за професионален развој

31.10.2019- Скопје

За кого е наменета  обуката :

Обуката е наменета за вработени во јавниот и во приватниот сектор , раководители, директори  и вработени во сите сектори во организациите и институциите (во човечки ресурси и правна служба, производство и продажба, како и останатите вработени кои сакаат да ги усовршат своите вештини и знаења по дадената проблематика. Предавач и креатор на обуката е д-р Лазар Јовевски, професор на Правниот факултет Јустинијан Први – УКИМ, Скопје, од областа на трудовото право, социјалното право, право на безбедност и здравје при работа, анти-дискриминациско право, индустирки односи, еропско социјално право, Меѓународно трудово право и  социајална политика.

Професорот Јовевски, активно работи на проблематиката на работните односи повеќе од 18 години преку развивање на теориски модели, а со примена на искуствата од практиката. Досега има објавено 15 научни монографии (книги), повеќе од 70 научни и стручни трудови, предавач на повеќе од 100-на семинари, работилници, трибини и обуки. Член на голем број национални и меѓународни организации. Професорот е мотивационен говорник со примена на нови и уникатни методи кои инспирираат личен развој и ослободување на личноста како основа за креативност и успешност.

ОБУКАТА КЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЦЕС - ул огњан прица бр 4/1-15 на јужен булевар ( монтенегро и стопанска банка)

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

1. Сесија - Деловен успех преку развој на личните вештини

  • како да ги подобрите капацитетите на вработените?
  • мотивирање на вработените
  • справување со стрес на работното место
  • етичко-морален пристап во работата и со колегите
  • иднината на деловното лидерство
  • Примена на У теорија (U. lab)

2. Сесија - Развој на персонални и интерперсонални вештини за поттребите на работното место

  • Што се персонални вештини и комептенции и зошто се потребни?
  • Soft и Hard персонални вештини
  • Како да се подобрат персоналните вештини во функција на работата?
  • Иднината на деловното лидерство
  • екологија на духот / психологија на трудот

3. Сесија - Примена на Законот за работните односи – актуелни прашања и дилеми од праксата

  • оваа сесија опфаќа сублимирани прашања и дискутирање за проблеми од работните односи
  • актуелни проблеми и дилеми во работните односи – Закон versus Пракса
  • праксата на судовите и дилеми околу примена на одредени законски одредби
  • консултативен интерактивен пристап и разрешување со конкретни проблеми соочени на работни места во делот на законот за  работните односи

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

Краен рок на доставување на пријавите е 25.10.2019. Поради голем интерес ве молиме за навремена достава на пријавите

Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

  • Андријана Јаневска
  • моб.075-225-526
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил-  trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages