Обука за функционална анализа во јавен сектор

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство Ви испраќаме

ПОКАНА ЗА ЕДНОДНЕВНА ОБУКА НА ТЕМА

ФУНКЦИОНАЛНА АНАЛИЗА ВО ЈАВЕН СЕКТОР (внатрешна организација и систематизација: вработување, унапредување, Мобилност)

Обуката  ке се одржи  на датум:  30.11.2018 - петок во просториите на Тренинг Центар ЦЕС. Обуката е наменета за директори, правници, човечки ресурси и сите заинтересирани за оваа проблематика , предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите. Обуката ке се реализира  од страна на експерт - предавач  докажан во својата од својата област со долгогодишно работно искуство во Министерство за Информатичко Општество

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

Функционална анализа

  • Цели на функционалната анализа, правен основ за спроведување на функционалната анализа
  • Моделот на функционалната анализа и  функциите како основа на функционалната анализа  
  • Почеток на спроведувањето на функционалната анализа, спроведување на функционалната анализа  како и формирање на тим, рганизирање на процесот, анализа на документи
  • Вежба

Функционална Анализа

  • Собирање информации за расположливите човечки и други капацитети, прибирање податоци за перцепцијата на вработените во институцијата   
  • Прибирање податоци за организациските единици , спроведување интервјуа , анализа и категоризација на функциите  анализа на информациите и евалуација според критериумите     
  • Извештај од спроведената анализа, план за подобрување
  • Вежба
  • Прашања и дискусија.

Функционална анализа – што понатаму

  • Промена на внатрешна организација
  • Подготовка на акт
  • Вежба

Функционална анализа – што ако нема можности за реализирање

  • Промена на систематизација на работни места
  • Подготовка на акт
  • Барање за вработување
  • Вежба
  • Заклучоци
  • Прашања и дискусија

 

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот. Поради голем интерес и ограничениот број на учесници максимум 16 слушатели, Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 26.11.2018 (понеделник).

Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

  • Елена Цацаноска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages