Обуки

Обука за функционална анализа во јавниот сектор

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство Ви испраќаме

ПОКАНА ЗА ЕДНОДНЕВНА ОБУКА НА ТЕМА

ФУНКЦИОНАЛНА АНАЛИЗА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР - селекција и вработување, унапредување, видови вработувања и мобилност

Обуката  ке се одржи  на датум:  31.01.2019 во просториите на Тренинг Центар ЦЕС. Обуката е наменета за директори, правници, човечки ресурси и сите заинтересирани за оваа проблематика , предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

Обуката ке се реализира  од страна на експерт- предавач  со долгогодишно работно искуство во Министерство за Информатичко Општество  Г-ѓа Билјана Жагар

 

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

Цели на функционалната анализа

Правен основ за спроведување

Моделот на функционалната анализа

Функциите како основа на функционалната анализа

Спроведување на функционалната анализа

  • Почеток на спроведувањето    
  • Формирање на Тим     
  • Организирање на процесот
  • Анализа на документи
  • Собирање информации за расположливите човечки и други капацитети    
  • Прибирање податоци за перцепцијата на вработените во институцијата
  • Прибирање податоци за организациските единици           
  • Спроведување интервјуа         
  • Анализа и категоризација на функциите             
  • Анализа на информациите и евалуација според критериумите  
  • Извештај од спроведената анализа     
  • План за подобрување 

Селекција и вработување на адмнистративни службеници

  • Барање за објавување на јавен оглас
  • Комисија за селекција на кандидати
  • Фази на постапката за селекција (административна селекција, испит за административен службеник и интервју, базирано на компетенции)
  • Одлука за избор
  • Решение за стекнување на статус на административен службеник

Унапредување на административен службеник

  • Барање за објавување на интерен оглас
  • Комисија за селекција за унапредување
  • Фази на постапката за унапредување
  • Одлука за избор
  • Решение за унапредување на административен службеник

Видови вработувања и мобилност во јавниот сектор

  • Видови вработувања, со посебен осврт на вработувањата на определено време
  • Мобилност на вработените во јавниот сектор (распоредување во рамки на иста институција и преземање од една во друга институција во јавниот сектор

Во прилог:

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот. Поради голем интерес и ограничениот број на учесници максимум 16 слушатели, Ве молиме за навремена достава на пријавата.

Краен рок на доставување на пријавите е 28.01.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

 

Контакт лице

  • Елена Цацаноска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages