Обука за иновации и претприемништво

Enterpreneurship and Innovation

Во рамките на проектот „Пат до вработување – развивање нови вештини и знаења за невработените лица“ реализиран од Тренинг Центар Ц.Е.С. и партнерите Синтеа од Полска, Теза од Бугарија и Алерон од Романија, финансиран од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, се организираше обука за иновации и претприемништво како четврта активност според предвидениот план и динамика. Обуката се одржа во Скопје од 26 до 30 септември 2016 година. На неа учествуваа 16 учесници, по 4 учесници од секоја партнер држава.

Учесниците на оваа обука исто така добија Водич за иновации и претприемништво подготвен од Тренинг центар Ц.Е.С. во соработка со сите партнери. Водичот за иновации и претприемништво  има главна цел откривање на иновацијата и креативноста кај невработените лица за да преземат претприемнички активности за користење на стекнатите вештини и капацитети во насока на нивно вработување.
Невработените лица стекнаа и развија иновативни и претприемнички вештини за да можат да најдат вработување или да отпочнат сопствен бизнис.

Прирачник за иновации и претприемништво