Обука за интернет маркетинг

Internet Marketing Training

Во рамките на проектот „Пат до вработување – развивање нови вештини и знаења за невработените лица“ реализиран од Тренинг Центар Ц.Е.С. и партнерите Синтеа од Полска, Теза од Бугарија и Алерон од Романија, финансиран од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, се организираше обука за Интернет Маркетинг како трета активност според предвидениот план и динамика. Обуката се одржа во Букурешт, Романија од 25 до 30 април 2016 година. На неа учествуваа 16 учесници, по 4 учесници од секоја партнер држава.

Обуката ги опфати следните теми:

  • Маркетинг – општо
  • Маркетинг концепти
  • Интернет маркетинг
  • Интернет продажба
  • Управување со интернет маркетинг

Учесниците на оваа обука исто така добија Водич за Интернет маркетинг подготвен од Алерон – Романија во соработка со сите партнери. Водичот за интернет маркетинг се заснова на потребата од знаење на оние лица кои целат кон пронаоѓање работа според принципот на самовработување преку основање организација што нуди интелектуални услуги и промовирање на своите услуги.

Прирачник за интернет маркетинг