Обука за изготвување на завршна сметка за 2018 година

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство Ви испраќаме

ПОКАНА ЗА ЕДНОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА

Изготвување на завршна сметка за 2018 година

Новиот Закон за данок на личен доход како и предлог измени во системот на придонеси од задолжително социјално осигурување

и други важни новини во законската регулатива кај: буџетски корисници, единки корисници, фондови, ЈЗУ, единици на локална самоуправа и непрофитни организации

 

Обуката  ке се одржи  на датум:  20.12.2018 во просториите на Тренинг Центар ЦЕС. Обуката е наменета за раководители на единицата за финансиски прашања, внатрешни ревизори, директори, сметководители и одговорни лица, предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

Обуката ке се реализира  од страна на експерт - предавач докажан  во својата област со долгогодишно работно искуство 

Бранислав Гулев - Предавач со долгогодишно искуство  од  Државниот  завод за ревизија на Р.Македонија

 

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

1. Сметководствено усогласување на разлики утврдени со пописот на средствата и обврските кај двата сметководствена система

 

2. Сметководствено евидентирање на пресметка на амортизација и ревалоризација кај двата сметководствена система:

  • Пропишани стапки и корисен век на употреба
  • Различен пристап во пресметка на ревалоризација

3. Признавање на расходи согласно одобрениот буџет и Законот за извршување на буџетот за 2018 година?

  • Право и висина на исплата на надоместоци, даночен третман
  • Користење на средства за репрезентација
  • Право на користење на сопствени возила за службени цели

 

4. Проценување на билансни позиции:

  • Набавка, користење и располагање на постојани средства и нивно сметководствено евидентирање кај буџетските корисници
  • Нематеријални средства кај јавни претпријатија, нивно мерење, основни карактеристики и обезвреднување
  • Материјални средства кај јавни претпријатија, начин на мерење, обезвреднување
  • Вреднување и мерење на залихи
  • Логички усогласувања помеѓу одделни билансни позиции

 

5. Признавање на приходи кај јавни претпријатија:

  • Новини и промени во МСФИ
  • Класификација и услови за признавање на приходите

 

6. Изготвување на Извештај за парични текови

 

7. Данок на добивка:

  • Даночна основица,
  • Ненаплатени побарувања по основ на заеми
  • Даночен кредит
  • Даночен третман на загуба

8. Нов Закон за данок на личен доход и

9. Предлог измени во системот на придонеси од задолжително социјално осигурување.

 

Во прилог

 

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот . Поради голем интерес и ограничениот број на учесници максимум 16 слушатели, Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 14.12 .2018 петок

Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

 

Контакт лице

  • Елена Цацаноска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages