Обука за изготвување проектни апликации

Drafting Project Applications

Во рамките на проектот „Пат до вработување – развивање нови вештини и знаења за невработените лица“ реализиран од Тренинг Центар Ц.Е.С. и партнерите Синтеа од Полска, Теза од Бугарија и Алерон од Романија, финансиран од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, се организираше обука за Подготовка на проектни апликации како втора активност според предвидениот план и динамика. Обуката се одржа во Лублин, Полска од 23 до 28 ноември 2015 година. На неа учествуваа 16 учесници, по 4 учесници од секоја партнер држава.

Учесниците на оваа обука се здобија со знаење за следниве области:

  •  Европските стратегии и фондови
  •  објавените тендери и повици за проекти од страна на Европската Комисија
  • проектните алатки и техники
  • проектен циклус
  • планирање
  • идентификување на проблеми
  • СВОТ анализа
  • проектни цели и целни групи
  • резултати и показатели
  • трошоци и буџет
  • управување со ризици
  • реализација на проектот
  • управување со време и временска рамка на проектот
  • управување со буџет, луѓе и квалитет
  • евалуација на проектот
  • известување и дисеминација.
  • Обуки за дисеминација за Подготовка на проектни апликации ќе се одржат во сите држави во текот на јануари и февруари 2016 година.

Учесниците на оваа обука исто така добија Водич за Подготовка на проектни апликации, подготвен од Синтеа – Полска во соработка со сите партнери. Водичот за изработка на проектни апликации се заснова на потребата од знаење на оние лица кои целат кон пронаоѓање работа според принципот на самовработување преку основање организација што нуди интелектуални услуги или менаџирање проекти и проектни активности. Невработените лица имаат можност да ги разгледаат деловните можности и предности во одржување на нивната организација преку менаџмент на проекти и преземање претприемничка иницијатива. Вoдичот за развоj на вештини за изработка на проектни апликации обезбедува збир на материјали и насоки за делување.

Превземи: Guidance for Drafting Project Applications