Обука за канцелариско работење

Канцелариското работење, популарно наречено канцелариски менаџмент, е најважна споредна дејност на државните органи, јавните служби, големите компании и сите останати организации. Канцелариското работење подразбира работа која се одвива во организациите со цел да се рагистрира и следи текот на работниот процес со што се овозможува извршување на основните функции. Канцелариското работење обезбедува работата да почне навреме, правилно да се одвива и навреме да се заврши.

Успехот не е случајност. Тоа е тешка работа, упорност, учење, жртвување и најмногу од сè, љубов кон она што го правите или учите. Гледајќи пошироко канцелариското работење ја опфаќа техничката работа во организациите која се однесува на работно планирање, организирање, анализирање и менаџирање со документираниот материјал. Обуката за ефективно канцелариско работење е наменета за деловни скретари, извршни асистенти, административни работници и сите оние што се свесни за потребата од вештини за ефективно канцелариско работење. Оваа обука е резултат на постојаното следење на пазарот на човечки капитал и специфичните барања на македонските компании. Административните работници се едни од најбараните работни позиции во Македонија.

МАЛ НАПРЕДОК СЕКОЈ ДЕН,  ДАВА ГОЛЕМИ РЕЗУЛТАТИ! ОВА ЌЕ БИДЕ МОЈАТА ГОДИНА НА УСПЕХОТ!

Опис на програма/модули:

  1. Вовед во канцелариски менаџмент и менаџмент на човечки ресурси
  2. Менаџмент на задачи
  3. Организациски и комуникациски вештини
  4. Архивско работење
     

По завршување на обуката кандидатите се способни да:

  • Успешно реализираат и работат во полето на  канцелариски менаџмент и менаџмент на човечки ресурси
  • Успешно да менаџираат со работни задачи
  • Имаат повисоко ниво на организациски и комуникациски вештини
  • Успешно да работат во полето на архивско работење

 

За кого е наменетa обуката? 

  • За посетување на обуката за управуање со проекти не е потребно никакво предзнаење од оваа област.
  • Почетници кои сакаат да се занимаваат со канцелариско работење
  • Невработени луѓе кои сакаат да се преквалификуваат за бараното занимање за да дојдат полесно до работа
  • Вработени во компании со цел преку стекнатото знаење да станат попродуктивни и да го забрзаат унапредувањето
  • Претприемачи, искусни менаџери и раководители на тимови со цел да ги комплетираат и осовременат своите вештини.

Времетраењето на програмата: Договор според утврдена динамика.

Почеток на обуката: Веднаш по формирање на група.

Каде: Во просториите на Тренинг центар ЦЕС.

 

Зошто во Тренинг Центар ЦЕС?

  • Затоа што ние Ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и матријали за работа бесплатно, затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми  и сте со постојан надзор за совет, проверка, корекција и насока на правилна работа;
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при вработување  на кандидатите коишто ја завршиле обуката и директно посредува помеѓу ученикот и работодавачот бесплатно;
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме;
  • Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки.

Обуки

Pages