Обука за козметичар за нега на лице и тело

Да придонесете за други да се осетат убаво е чувство коешто буди исполнетост, забава и среќа. Ако уживате да работите со Вашите раце и ако се сметате себеси за социјална личност, кариерата како Козметичар може да биде за Вас вистинското нешто! Да бидете козметичар подразбира дека ќе работите во опуштена атмосфера и ќе го правите тоа што Вие го сакате.

Козметичарот сака да се изрази себеси преку неговата работа. Ако уживате во креативна слобода за експериментирање со нови техники, стилови и дизајни, а се со цел да видите трансформација кај некого, тогаш Вие треба да станете козметичар. Дали ова звучи на Вас? Ние сме овде за да Ви помогнеме да стигнете на местото кое го сонувате. Да бидете дел од убавината, насмевките на другите и взаемното задоволство.

  • За кого е наменетa обуката - За сите што сакаат да започнат да работат како козметичари
  • Времетраење - 2-3 месеци распределени според динамика на договор
  • Почеток - 15.11.2018
  • Каде - во просториите на Тренинг центар ЦЕС
  • +1 месец пракса во козметички  салон

ДОКОЛКУ СЕ ПРИЈАВИТЕ ДО 10.11.2018 ДОБИВАТЕ:

  •   ВРЕДНОСЕН ВАУЧЕР ОД  11700,00 ДЕНАРИ
  •   ПРИЗНАЕН ДРЖАВЕН СЕРТИФИКАТ
  •   ГРАТИС ОБУКА ПО ИЗБОР: МАНИКИР, ИЛИ ПЕДИКИР
  •   ЕДЕН МЕСЕЦ БЕСПЛАТНА ПРАКСА ВО САЛОН

Опис на програмата

Програмата за козметичар за нега на лице и тело се состои од 6 тематски целини. Целите на програмата се насочени кон учесникот односно кандидатот за стекнување знаења и вештини од областа на козметиката. Главна цел на оваа програма е стекнување на вештини за самoстојно обавување на козме ички третмани. Врз основа на оваа цел  обуката  се организира според целите дефинирани по тематските целини   кои се ориентирана кон стекнување на практични вештини и знаења,односно целно е ориентирана. Во таа насока обучувачот ќе користи такви методи, форми и техники кои овозможуваат постигнување на целите постапно, а ќе  се користи макрометодот проектна задача. Врз основа на проектната задача и резултатите од спроведените  тестови наставникот ја заклучува оценката(положил- не положил). За сите изработки на учесниците се води евиденција  во нивните портфолија. По завршувањето на обуката следи испит за проверка на постигнатите цели од програмата .

Вреднување на резултатите на постигањата на учесниците е перманентно и тоа усно,писмено, и преку постигањето на целите од практичната обука.За секој учесник се води портфолио. Заклучната оценка на учесниците се изведува врз основа на записите од портфолиото по секоја тематска целина.

Со завршување на обуката добивате ПРИЗНАЕН ДРЖАВЕН СЕРТИФИКАТ!

По завршување на обуката кандидатите се способни да:

  • Ја одредуваат анатомијата на лицето, вршат преглед на лице и козметичка дијагноза на кожа;
  • Одредуваат типови и состојба на кожа и PH вредност на кожата;
  • Воочуваат промена на кожа;
  • Вршат стандардни козметички третмани;
  • Вршат апаратурни третмани и терапии;
  • Масираат дланки и стапала;
  • Ги препознаваат видовите и влијанието на препаратите за кожа за секој вид кожа поединечно (млеко, тоници, лосиони, сапуни, гелови...);
  • Изведуваат козметички третмани (обликување веѓи, фарбање трепки и веѓи, надградба на трепки, депилација на лице)
  • Изведуваат депилација на тело со ладен и топол восок;
  • Организираат работен простор, опрема и прибор за работа;
  • Водат картотека за клиенти;
  • Управуваат со козметички салон.

За кого е наменетa обуката? 

  • За лица кои би сакале да работат во рамките на некоја компанија како козметичари;
  • За сите оние кои сакаат да се преквалификуваат за подобро и поисплатливо занимање;
  • За фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени;
  • За вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата;
  • За лица кои сакаат да се осамостојат и да отпочнат сопствен бизнис.

Времетраењето на програмата: 2-3 месеци по договор според утврдена динамика.

Почеток на обуката:  Веднаш по формирање на група.

Каде: Во просториите на Тренинг центар ЦЕС.

 

Зошто во Тренинг Центар ЦЕС?

  • Затоа што ние Ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и матријали за работа бесплатно, затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми  и сте со постојан надзор за совет, проверка, корекција и насока на правилна работа;
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при вработување  на кандидатите коишто ја завршиле обуката и директно посредува помеѓу ученикот и работодавачот бесплатно;
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме;
  • Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки.

Козметичко фризерска струка