Обуки

Обука за менаџирање на наплата на побарувања кај буџетски корисници, јавни установи и економски оператори

ПОКАНА ЗА ОБУКА НА ТЕМА - "НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊАТА КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ, ЈАВНИ УСТАНОВИ и ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ“

Обуката ке се одржи на 06.12.2019 година во просториите на Ц.Е.С. Тренинг Центар. Обуката е наменета за референти и агенти за наплата на побарувања, вработени во финансиски сектор задолжени за наплата на побарувања, вработени во комерцијален сектор задолжени за наплата на побарувања, вработени во агенции и други посредници за наплата на побарувања, како и за поединци кои сакаат да се стекнат со напредни знаења од оваа област и ги осовременат и комплетираат своите знаења за да имаат ефективна наплата на побарувања.

Обуката ке се реализира од страна на експерт - предавач со долгогодишно работно искуство - Митко Керамитчиев

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

Модул 1- Вовед

  • Зошто клиентите доцнат или не плаќаат?
  • Улогата  на  Менаџерот  за  управување  со  наплатата  на  побарувањата (МУНП)
  • Законска рамка
  • Менаџерот  за  управување  со  наплатата  на  побарувањата  како  Accountmanager
  • Профил на МУНП

Модул 2 – Превентива – Account Management & Customer Care o Поставување конзистентна кредитна политика

  • Фактор ризик
  • Регулација на чекори при ескалација на долгот
  • Прогресивна кредитна политика
  • Стимулација – Incentive scheme

o Занемарен аспектПартнерски однос o Перцепција на клиентот

o  Скала на развој на односот

Од Трговец кон Деловен Партнер

Модул 3 - Регулирање на деловните односи со Клиентот

  • Мапирање на процесот на донесување одлуки кај Клиентот
  • Типови на улоги во процесот
  • Групирање
  • Организациска шема

Модул 4 – Комуникација со клиентот по основа на наплата

  • Вербална комуникација
  • Писмена комуникација

1. Писмо за потсетување

2. Писмо за потсетување

1. Опомена

  • Опомена пред преземање правни дејствија
  • Срамнување на сметките

Модул 5 – Стратегии за справување со клиентските избегнувања на обврските

  • Основи на деловно преговарање
  • Откривање на клиентските преговарачки варијабли
  • Откривање на клиентските модели на однесување за избегнување и справување со типичните оправдувања

Модул 6 – Совети за ефективна кредитна политика и наплата на побарувања

  • Интеграција на психологијата на клиентот со кредитната политика на организацијата
  • Реакција на сигналите кои предупредуваат на проблемите во наплатата
  • Комуникациски меѓу-секторски ток

o Проактивен пристап

Значаен дел од работниот капитал на компаниите е врзан за побарувањата. Тоа претставува ризик за ликвидноста. Од друга страна, нема ништо поскапо од продадените а ненаплатени производи или услуги, бидејќи истите се оптоварени со сите логистички трошоци, плус давачките спрема државата.

На обуката за Менаџирање и Наплата на побарувањата подеднакво се посветува внимание како на Наплатата, така и на Менаџирањето на побарувањата, но сепак, акцент паѓа на ПРЕВЕНТИВАТА, односно што е тоа што можеме да го правиме за да ја минимизираме можноста за настанок на проблеми со наплатата

Обуката е проследена теоретски дел, вежби и примери од праксата. Секој учесник на обуката добива:

  • Сертификат за учество на обука
  • Работни материјали
  • Освежување, кафе и закуска за време на обуката

Пријавата за обуката ја правите преку електронски пат со пополнување на пријава за учество на обуката најдоцна до 01.12.2019 год. и испраќање на истата на e-меил  trainingcenterces@gmail.com

1. Котизација за обуката по лице .................................................4.700,00 денари (+ пресметан ДДВ)

2. Котизација за обука за второ лице од иста институција.........4.000,00 денари (+ пресметан ДДВ)

Уплатата за котизација се врши на сметка на „ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЦЕС ДООЕЛ СКОПЈЕ 330100168970882 Капитал банка,

ОБУКАТА КЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЦЕС

ул Oгњан Прица бр 4/1-15 на Јужен булевар (во комплексот кај Монтенегро)

За сите дополнителни информации во врска со обуката слободно контактирајте не

  • Тренинг Центар ЦЕС
  • Андријана Јаневска       
  • моб. 075 225-526 
  • Еmail – trainingcenterces2@gmail.com
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • веб сајт www.ces.mk

Обуки

Pages