Обуки

Обука за начинот и техниката на постапување со архивски и документиран материјал во канцелариско и архивско работење

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство  

ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА 17.12.2019 НА ОБУКА НА ТЕМА

„НАЧИНОТ И ТЕХНИКАТА НА ПОСТАПУВАЊЕ СО АРХИВСКИОТ И ДОКУМЕНТАРНИОТ МАТЕРИЈАЛ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКОТО РАБОТЕЊЕ и НАЈЧЕСТИ ПРОБЛЕМИ ВО РАБОТЕЊЕТО “

Обуката е наменета за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и унапредат техниките на канцелариското и архивското работење и да го усогласат своето работење со важечките законски прописи. Обуката ке се реализира  од страна на експерт- предавач од - Државен управен инспекторат со долгогодишно работно практично искуство  во спроведување на канцелариското и архивското работење

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

Основни техники на канцелариското работење

Прописи и практична примена
Најчести проблеми во работењето
Презентирање на законските и подзаконските акти за канцелариското и архивското работење;
Дефинирање на основните поими во канцелариското и во архивското работење: архивски материјал, документарен материјал, документ/запис, конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал, имател на архивски материјал и сл;

КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ (Хартиено или електронско)

Овластувања кои треба да ги издаде функционерот според прописите за канцелариско и архивско работење
Овластување за прием прегледување и распоредување
Овластување за ракување со печати и штенбили

   Штенбили и печати на еден орган

-Приемен штенбил
-Роковен штенбил
-Печат и др.
-Евиденција на печати

 

Обрасци за пополнување, вежби и практична примена

Основни техники во канцелариското работење: како се води основната книга за евиденција – деловодник, како се водат помошните книги за евиденција, како се изработува План на архивски знаци, Листа на архивски материјал и Листа на документарен материјал со рокови за негово чување, електронско канцелариско работење (практична работа и практични примери);

Обрасци за пополнување, вежби и практична примена

Книги за евиденција (начин на заведување, пренос, поврзување , исправка на погрешно запишан текст и заклучување)

 

АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ(приватен и јавен сектор)

Основни техники на архивското работење: архивирање, средување и обработка на документите, одбирање на архивскиот од документарниот материјал, попис и опис на архивскиот материјал, заштита и чување на архивскиот материјал (практична работа и практични примери);
Дефинирање на основните поими во канцелариското и во архивското работење: архивски материјал, документарен материјал, документ/запис, конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал, имател на архивски материјал и сл;
Споредба помеѓу јавен и приватен архивски материјал: права и обврски на имателите на јавен и на имателите на приватен архивски и документарен материјал;

 

Планот на архивски знаци, Листата на архивски материјал и Листата на документарен материјал со рокови за негово чување 

Архивирање,средување и издавање на документи/записи за користење
Одбирање и евидентирање на архивски материјал
Предавање на архивски материјал
Чување и заштита на архивски и документарен материјал

Обрасци за пополнување, вежби и практична примена

Надзор врз работењето на имателите на архивски и документарен материјал

Тест за проверка на стекнатите знаења
Евалуација на обуката и предавачите и доделување на сертификати

 

Обуката е проследена со обрасци за практична примена од праксата и презентација на истите . По завршување на обуката слушателите пополнуваат тест за  проверка на стекнатите знаења. За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

Краен рок на доставување на пријавите е 12.12.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите. За сите дополнителни информации во врска со обуката слободно контактирајте не.

Обуки

Pages