Обука за надградба на нокти

Додека сте во салон и работат на вашите нокти,дали сте си помислиле - ’Би сакала и јас да го правам ова, но немам никакви познавања’?

Обезбедете си сигурна иднина, со работа во една од најбрзорастечките дејности во светот: ДЕКОРАТИВЕН МАНИКИР!

ОБУКА ЗА НАДГРАДБА НА НОКТИ СО ПРИЗНАЕН ДРЖАВЕН СЕРТИФИКАТ!

  • За кого е наменет курсот - За почетници што сакаат да работат со гел техника на нокти за сите возрасти, а посебно за невработени лица и долгорочно невработени лица, вработени лица кои сакаат доквалификација и преквалификација, загрозени групи на пазарот на трудот
  • Почеток на обуката - 19.11.2018
  • Каде - Во просториите на Тренинг центар ЦЕС

ДОКОЛКУ СЕ ПРИЈАВИТЕ ДО 10.11.2018 ДОБИВАТЕ:

  •   ВРЕДНОСЕН ВАУЧЕР ОД 13600,00 ДЕНАРИ
  •   ПРИЗНАЕН ДРЖАВЕН СЕРТИФИКАТ
  •   ГРАТИС ОБУКА ЗА АКРИЛ
  •   ЕДЕН МЕСЕЦ БЕСПЛАТНА ПРАКСА ВО САЛОН

Оваа обука ви нуди можност да стекнете знаење за совршено познавање на маникирот, надградба на нокти и екстензија на нокти, Обуката опфаќа теоретски и практичен дел и обезбеден материјал за работа. Програмата “Декоративен маникир” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката. По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: организира простор и работа во салонот, применува санитарно технички норми за спроведување на козметичка дејност,подготвува клиент за третман, спроведува третмани на маникирање, спроведува мерки за заштита на работна и животна средина,комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува.Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

На обуката кандидатите ќе се запознаат со анатомијата на дланките, хистологија на кожа, обликување нокти, сечење, турпирање и полирање на нокти, надградба на нокти, избор на типс според обликот на ноктот, корекција на вештачки ноти, лакирање на нок, масажа на рака, употреба на прибор и алат и одржување и стерилизација.

За време на курсот ќе научите што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација, како да изградите добар имиџ на салонот и да остварите успешно работење.

Структурата на програмата за “Декоративен маникир” е следна: стручно-теоретски дел, практична обука и проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит). 

Обуката за ДЕКОРАТИВЕН МАНИКИР- НАДГРАДБА НА НОКТИ  има позитивно мислење од страна на Министерство за Образование на Република Македонија со решение бр 09-79/2016

ОПИС НА ПРОГРАМАТА

Теорија

  • Основи на занимањето - историја на маникирот
  • Прием на клиентот и подготовка за третман како и комуникација со клиенти Теорија на надградба
  • Здравје и безбедност при работа
  • Нега на раце и нокти, болести на нокти, масажа на раце
  • Габични заболувања на ноктите и нивно третирање

Практична работа  

  • Подготовка на ноктот
  • Сооднос на мешање состојки
  • Надградување на ноктот
  • Гел лак техника
  • Правилна припрема на ноктната плочка
  • Видови на турпии ( гранулација ) и правилно држење на турпија
  • Пет фази на правилно турпијање
  • Гел на природна должина на нокти
  • Наливање на нокти - бадем и коцка
  • Корекција на нокти
  • Нанесување на различни типови декорации 
  • Tехника (прелевање од една во друга боја)
  • Постигнување на металик - огледало ефект
  • Пескарење - модерна техника за гламурозен изглед на ноктите
  • Техники на пополнување

По завршување на обуката кандидатот ќе биде оспособен да:

  • организира простор и работа во козметички салон,
  • подготвува работното место и клиент,
  • изведува класичен и гел лак маникир
  • надградува нокти со примена на гел и наливна техника
  • изведува декорација на ноктот со френч техника, цртање, украсување
  • негува и поправа надграден нокт, болести на нокти, масажа на нокт
  • цртање на нокт, форма на нокт, циркони, украсување, корекција
  • применува постапка на отстранување на гелот или гел лакот 
  • советува за домашна нега на надградените нокти
  • применува норми на работна етика.

Зашто во Тренинг центар ЦЕС?

Оваа обука ви нуди можност да стекнете знаење за совршено познавање на маникирот, надградба на нокти и екстензија на нокти. Обуката опфаќа теоретски и практичен дел и обезбеден материјал за работа. Тренинг центар ЦЕС обучува стручен кадар во оваа област на високо ниво, што претставува одлична појдовна основа за секој кој што сака да се бави со овој профитабилен бизнис. Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при запослување на кандидатите кои што ја завршиле обуката и директно посредува измеѓу  ученикот и работодавачот бесплатно.

  • Затоа што ние ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и матријали за работа бесплатно, затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми и сте со постојан надзор за совет, проверка, корекција и насока на правилна работа. 
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при запослување на кандидатите кои што ја завршиле обуката и директно посредува измеѓу ученикот и работодавачот бесплатно
  • Затоа што ние нудиме бесплатна пракса
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме
  • Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки

ДОЈДЕТЕ И УВЕРЕТЕ СЕ ЗАШТО СМЕ НАЈДОБРИ!

Козметичко фризерска струка