Обуки

Обука за најчести грешки во канцелариско и архивско работење

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство Ви испраќаме

ПОКАНА ЗА ЕДНОДНЕВНА ОБУКА НА ТЕМА

НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ И ПРОПУСТИ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКОТО РАБОТЕЊЕ И НОВИНИТЕ ШТО ПРЕТСТОЈАТ ВО ОВАА ОБЛАСТ

Обуката  ке се одржи  на датум:  15.03.2019 во просториите на Тренинг Центар ЦЕС. Обуката е наменета за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и унапредат техниките на канцелариското и архивското работење и да го усогласат своето работење со важечките законски прописи. Обуката ке се реализира  од страна на експерти- предавачи  со долгогодишно работно искуство 

  • Каролина Стојановска-Богдановска – Државен управен инспекторат
  • Ана Михајловска – Државен управен инспекторат

 

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

Тема 1 - Основни техники на канцелариското работење

Прописи и практична примена

Најчести проблеми во работењето

Презентирање на законските и подзаконските акти за канцелариското и архивското работење;

Дефинирање на основните поими во канцелариското и во архивското работење: архивски материјал, документарен материјал, документ/запис, конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал, имател на архивски материјал и сл;

Тема 2 - КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ (Хартиено или електронско)

Овластувања кои треба да ги издаде функционерот според прописите за канцелариско и архивско работење

Овластување за прием прегледување и распоредување

Овластување за ракување со печати и штенбили

 Тема 3 Штенбили и печати на еден орган

  • Приемен штенбил
  • Роковен штенбил
  • Печат и др.
  • Евиденција на печати

Споредба помеѓу јавен и приватен архивски материјал: права и обврски на имателите на јавен и на имателите на приватен архивски и документарен материјал;

Основни техники во канцелариското работење: како се води основната книга за евиденција – деловодник, како се водат помошните книги за евиденција, како се изработува

План на архивски знаци, Листа на архивски материјал и Листа на документарен материјал со рокови за негово чување, електронско канцелариско работење (практична работа и практични примери);

Книги за евиденција (начин на заведување, пренос, поврзување , исправка на погрешно запишан текст и заклучување)

  • Деловодник
  • Попис на акти
  • Уписници
  • Интерна книга
  • Книга за место
  • Книга за пошта

 Основни техники на архивското работење: архивирање, средување и обработка на документите, одбирање на архивскиот од документарниот материјал, попис и опис на архивскиот материјал, заштита и чување на архивскиот материјал (практична работа и практични примери);

Тема 4 - Архивско работење

Планот на архивски знаци, Листата на архивски материјал и Листата на документарен материјал со рокови за негово чување 

  • Архивирање,средување и издавање на документи/записи за користење
  • Одбирање и евидентирање на архивски материјал
  • Предавање на архивски материјал
  • Чување и заштита на архивски и документарен материјал

Надзор врз работењето на имателите на архивски и документарен материјал 

Обуката е проследена со обрасци за практична примена од праксата и презентација на истите . По завршување на обуката слушателите пополнуваат тест за  проверка на стекнатите знаења

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог.

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници максимум 16 слушатели, Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 11.03..2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

  • Стефан Ангелевски
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages