Обуки

Обука за најчести грешки во канцелариско и архивско работење

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство Ви испраќаме

ПОКАНА ЗА ОБУКА НА ТЕМА

НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ И ПРОПУСТИ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКОТО РАБОТЕЊЕ И НОВИНИТЕ ШТО ПРЕТСТОЈАТ ВО ОВАА ОБЛАСТ

Обуката  ке се одржи  на датум:  26.06.2019 во СТРУМИЦА. Обуката е наменета за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и унапредат техниките на канцелариското и архивското работење и да го усогласат своето работење со важечките законски прописи. Обуката ке се реализира  од страна на експерт- предавач  со долгогодишно работно искуство во Државен управен инспекторат-Каролина Стојановска-Богдановска

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

Тема 1 КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ (Хартиено или електронско)

-Овластувања кои треба да ги издаде функционерот според прописите за канцелариско и архивско работење
-Овластување за прием прегледување и распоредување
-Овластување за ракување со печати и штенбили

Тема 2 - Штенбили и печати на еден орган

-Приемен штенбил
-Роковен штенбил
-Печат и др.
-Евиденција на печати

Обрасци за пополнување, вежби и практична примена

Тема 3 - Основни техники во канцелариското работење:

-Како се води основната книга за евиденција – деловодник,
-како се водат помошните книги за евиденција,
-како се изработува План на архивски знаци,
-Листа на архивски материјал и Листа на документарен материјал со рокови за негово чување, електронско канцелариско работење (практична работа и практични примери);
-Обрасци за пополнување, вежби и практична примена

Тема 4 - АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ (приватен и јавен сектор)

Основни техники на архивското работење:

-архивирање, средување и обработка на документите,
-одбирање на архивскиот од документарниот материјал,
-попис и опис на архивскиот материјал,

Заштита и чување на архивскиот материјал (практична работа и практични примери);

Дефинирање на основните поими во канцелариското и во архивското работење: архивски материјал,

-документарен материјал,
-документ/запис,
-конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал,
-имател на архивски материјал и сл;

Споредба помеѓу јавен и приватен архивски материјал: права и обврски на имателите на јавен и на имателите на приватен архивски и документарен материјал;

Тема 5 - Планот на архивски знаци, Листата на архивски материјал и Листата на документарен материјал со рокови за негово чување

-Архивирање,средување и издавање на документи/записи за користење

-Одбирање и евидентирање на архивски материјал

-Предавање на архивски материјал

-Чување и заштита на архивски и документарен материјал

Обрасци за пополнување, вежби и практична примена

Надзор врз работењето на имателите на архивски и документарен материјал

 

Обуката е проследена со обрасци за практична примена од праксата и презентација на истите . По завршување на обуката слушателите пополнуваат тест за  проверка на стекнатите знаења. За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:                                               

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 20.06..2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

  • Стефанија Б Марковска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages