Обуки

Обука за наплата на побарувања

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА ОБУКА НА ТЕМА

НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА

Обуката  ке се одржи  на 31.05.2019 година во просториите на Тренинг Центар ЦЕС. Обуката е наменета за референти и агенти за наплата на побарувања, вработени во финансиски сектор задолжени за наплата на побарувања, вработени во комерцијален сектор задолжени за наплата на побарувања, вработени во агенции и други посредници за наплата на побарувања,  како  и за поединци кои сакаат да се стекнат со напредни знаења од оваа област и ги осовременат и комплетираат своите знаења за да имаат ефективна наплата на побарувања. Обуката ке се реализира  од страна на експерт -  бизнис предавач со долгогодишно работно искуство - Г- дин  Митко Керамитчиев

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

Модул 1- Вовед

  • Зошто клиентите доцнат или не плаќаат?
  • Улогата на Менаџерот за управување со наплатата на побарувањата (МУНП)
  • Законска рамка
  • Менаџерот за управување со наплатата на побарувањата како Account manager
  • Профил на МУНП

Модул 2 – Превентива – Account Management & Customer Care

Поставување конзистентна кредитна политика

  • Фактор ризик
  • Регулација на чекори при ескалација на долгот
  • Прогресивна кредитна политика

Стимулација – Incentive scheme

  • Занемарен аспект Партнерски однос
  • Перцепција на клиентот
  • Скала на развој на односот

Од Трговец кон Деловен Партнер

Модул 3 - Регулирање на деловните односи со Клиентот

Мапирање на процесот на донесување одлуки кај Клиентот

  • Типови на улоги во процесот
  • Групирање

Организациска шема

Модул 4 – Комуникација со клиентот по основа на наплата

  • Вербална комуникација
  • Писмена комуникација

1. Писмо за потсетување
2. Писмо за потсетување
1. Опомена
Опомена пред преземање правни дејствија

Срамнување на сметките

Модул 5 – Стратегии за справување со клиентските избегнувања на обврските

Основи на деловно преговарање

Откривање на клиентските преговарачки варијабли

Откривање на клиентските модели на однесување за избегнување и справување со типичните оправдувања

Модул 6 – Совети за ефективна кредитна политика и наплата на побарувања

  • Интеграција на психологијата на клиентот со кредитната политика на организацијата
  • Реакција на сигналите кои предупредуваат на проблемите во наплатата
  • Комуникациски меѓу-секторски ток
  • Проактивен пристап

Значаен дел од работниот капитал на компаниите е врзан за побарувањата. Тоа претставува ризик за ликвидноста. Од друга страна, нема ништо поскапо од продадените а ненаплатени  производи или услуги, бидејќи истите се оптоварени со сите логистички трошоци, плус давачките спрема државата. На обуката за Менаџирање и Наплата на побарувањата подеднакво се посветува внимание како на Наплатата, така и на Менаџирањето на побарувањата, но сепак, акцент паѓа на ПРЕВЕНТИВАТА, односно што е тоа што можеме да го правиме за да ја минимизираме можноста за настанок на проблеми со наплатата.

Обуката е проследена теоретски дел, вежби и примери од праксата.

Секој учесник на обуката добива:

  • Сертификат за учество на обука
  • Работни материјали
  • Освежување, кафе и закуска за време на обуката

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО 

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 28.05.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

  • Бранкица Бошковска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages