Обука за напреден Excel

Можностите на програмата Microsoft Excel се навистина големи. Програмата од оваа обука ги опфаќа понапредните опции и функции во MS Excel, со чие изучување и практична примена се овозможува автоматизирање на покомплексни пресметки кои зависат од повеќе влезни параметри кои може да се променливи по природа. Резултатот ќе бидат извештаи, табели и графикони кои резултатите од Вашата работа и анализа ќе ги прикажат на еден модерен и разбирлив начин. Целта на оваа обука е да се навлезе во тајните на MS Excel, да се одредат напредните функции и да се покажат напредни методи и техники за работа во оваа програма преку конкретни примери. Преку работа на час и вежби за дома, учесниците ќе имаат можност да се соочат со анализа на големи низи од податоци, пресметки и пребарување низ истите, а на крајот и визуелна репрезент

Дали би сакале да научите да работите на поинтересен, подинамичен и постимулативен начин, а воедно да си го олесните работењето со податоци? Во тој случај, оваа обука за напреден Excel е совршената алатка за Вас!

Особен акцент ќе биде даден и на вгнездување на повеќе функции една во друга за да може да се направат комплексни пресметки со користење на само една поголема формула, како и посебен ден за работа само со PIVOT табели и посебен ден посветен само на графиконите. Ќе научиме нашата работа да ја заштитиме од љубопитните погледи на другите преку заштита на работните листови и документите, за да не дозволиме некој друг да се кити со нашиот труд. Притоа, ќе користиме проверка на внесените податоци преку опциите за валидација на податоци со што ќе го оневозможиме грешното внесување на податоци и со тоа ќе ги заштитиме нашите пресметки од грешни резултати во старт.

УЧЕТЕ НЕШТО НОВО СЕКОЈ ДЕН! ОВА ЌЕ БИДЕ МОЈАТА ГОДИНА НА УСПЕХОТ!

 

Опис на програма:

  • Вовед, општо повторување, формули и логички функции
  • Условно форматирање, работа со валидација и заштита на податоци
  • Именување на келии и рангови од келии и нивно користење во формули, прецизна селекција, анализа на формули и пронаоѓање на грешки
  • Работа со статистички функции, математички функции, информативни функции, функции за текст, функции за пребарување низ податоци и бази на податоци
  • Работа со линкови и хиперврски меѓу листови и документи, поврзување со Word, PowerPoint, Access
  • Импортирање на податоци од надворешни бази, работа со PIVOT табели и анализа
  • Напредна работа со графикони, креирање графикони од PIVOT табели

По завршување на обуката кандидатите се способни да:

  • Работат со формули и логички функции
  • Работат со условно форматирање, работа со валидација и заштита на податоци
  • Именуваат келии и рангови од келии и нивно користење во формули, прецизна селекција, анализа на формули и пронаоѓање на грешки
  • Работат со статистички функции, математички функции, информативни функции, функции за текст, функции за пребарување низ податоци и бази на податоци
  • Работат со линкови и хиперврски меѓу листови и документи, поврзување со Word, PowerPoint, Access
  • Импортираат податоци од надворешни бази, работа со PIVOT табели и анализа
  • Работат со графикони, креирање графикони од PIVOT табели

 

За кого е наменетa обуката? 

  • За посетување на обуката за напреден ексел е потребно минимално познавање на компјутерското работење
  • Лица на кои секојдневните обврски им налагаат работа со компјутер и  ексел
  • Невработени луѓе кои сакаат да се преквалификуваат за бараното занимање за да дојдат полесно до работа
  • Вработени, членови на проектни тимови со цел преку стекнатото знаење да станат попродуктивни и да го забрзаат унапредувањето
  • Претприемачи, искусни менаџери и раководители на тимови со цел да ги комплетираат и осовременат своите вештини.

 

Времетраењето на програмата: Договор според утврдена динамика.

Почеток на обуката: Веднаш по формирање на група.

Каде: Во просториите на Тренинг центар ЦЕС.

 

Зошто во Тренинг Центар ЦЕС?

  • Затоа што ние Ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и матријали за работа бесплатно, затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми  и сте со постојан надзор за совет, проверка, корекција и насока на правилна работа;
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при вработување  на кандидатите коишто ја завршиле обуката и директно посредува помеѓу ученикот и работодавачот бесплатно;
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме;
  • Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки.

Обуки

Pages