Обуки

Обука за напреден Excel со акцент на Pivot табели

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство Ви испраќаме

ПОКАНА ЗА ЕДНОДНЕВНА ОБУКА НА ТЕМА

НАПРЕДЕН EXCEL СО ОСОБЕН АКЦЕНТ НА PIVOT ТАБЕЛИ

Обуката ке се одржи на  03.06, 05.06 и 07.06.2019 во просториите на Тренинг Центар ЦЕС. Обуката е наменета за директори раководители, менаџери, лица кои во своето работење се срекаваат со разноразни извештаи, табели и графикони, функции како и за сите оние  кои сакаат да го зголемат своето практично знаење за работа во Excel преку совладување  на  можности на овој програм со добивање на  идеи за посовршено, побрзо и полесно работење, како и решавање на сите деловни проблеми и поефикасно извршување своите задачи.

Цел и придобивки:

Бенефиции за вас и вашата организација:

  • Вработените користат Excel и до 8 часа на ден. Од друга страна, само 1% од вработените во една компанија имале било каков вид на обука за работа во Excel.
  • Овој тренинг објаснува напредни техники во Excel,
  • Примерите кои се користат се исклучиво од пракса.

Клучни карактеристики на тренингот:

  • Тренер кој е човек од ИТ секторот
  • Работа на практични примери и вежби 
  • Фокусиран, интензивен тренинг во три дена
  • Напредни техники во Excel

Обуката ке се реализира  од страна на експерт- предавач,  со долгогодишно работно искуство  од областа М-р Виолета Стојановска

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

  • Едитирање на работен лист
  • Вметнување и бришење на ќелии
  • Вметнување и бришење на редови
  • Подесување на ширина на колони и прекршување текст
  • Подесување на висина на редови
  • Спојување на ќелии и центрирање на текст
  • „Замрзнување“ на заглавја на редови и колони
  • Собирање, одземање, множење и делење на вредности во ќелии
  • Комбинирање на операции за пресметување
  • Употреба на фиксен фактор во пресметка
  • Менување на формули
  • Стандардни пораки за грешки при употреба на формули
  • Копирање на формули
  • Работа со функции (SUM, SUMIF, AVERAGE, MIN, MAX, COUNT, IF)
  • Сортирање на податоци
  • Користење на табели
  • Дизајнирање на елементи на табела
  • Сортирање во табела
  • Селектирање на елементи во табела
  • Додавање и отфрлање на редови и колони
  • Конвертирање на табели во опсег
  • Работа со графички објекти
  • Користење на дијаграм
  • Видови на дијаграми
  • Елементи на дијаграм
  • Креирање на дијаграм
  • Едитирање на дијаграм
  • Додавање на организациски шеми
  • Додавање на слики
  • Манипулирање со слики
  • Цртање на графички објекти
  • Копирање и бришење на графички елементи
  • Печатење на документи
  • Подесување опции за печатење -  Page Setup
  • Pivot табели- запознавање
  • Зошто и кога да се употребуваат пивот табелите
  • Креаирање на пибот табели
  • Калкулација во пивот табели
  • Модифицирање на пивот табели
  • Копирање пивот табели
  • Анализа на податоци со помош на пивот табели
  • Групирање на податоци
  • Креирање графикони од пивот табела
  • Креирање на преглед

Вработените користат Excel и до 8 часа на ден. Од друга страна, само 1% од вработените во една компанија имале било каков вид на обука за работа во Excel. Овој тренинг објаснува напредни техники во Excel, со практични примери. Примерите кои се користат се исклучиво од пракса. Можностите на програмата Microsoft Excel се навистина големи. Програмата од оваа обука ги опфаќа понапредните опции и функции во MS Excel, со чие изучување и практична примена се овозможува автоматизирање на покомплексни пресметки кои зависат од повеќе влезни параметри кои може да се променливи по природа. Резултатот ќе бидат извештаи, табели и графикони кои резултатите од Вашата работа и анализа ќе ги прикажат на еден модерен и разбирлив начин. Целта на оваа обука е активно користење на напредните функции на Еxcel со цел поефикасно и попродуктивно работење, ако сте економист, банкар,инспектор,лекар, наставник, инженер...

Особен акцент ќе биде даден и на вгнездување на повеќе функции една во друга за да може да се направат комплексни пресметки со користење на само една поголема формула, како и посебен ден за работа само со PIVOT табели и посебен ден посветен само на графиконите. Ќе научиме нашата работа да ја заштитиме од љубопитните погледи на другите преку заштита на работните листови и документите, за да не дозволиме некој друг да се кити со нашиот труд. Притоа, ќе користиме проверка на внесените податоци преку опциите за валидација на податоци со што ќе го оневозможиме грешното внесување на податоци и со тоа ќе ги заштитиме нашите пресметки од грешни резултати во старт. Обуката трае 9 часа плус завршен тест,  попладне или викенд/ или друг термин распределени во договор со слушателите

Придобивки

  • Секој слушател работи на компјутер
  • Материјали за работа
  • По завршување на обуката добивате сертификат и препорака од предавачот

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО.

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници, Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 27.05.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

  • Дијана Зафировска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages