Обуки

Обука за новините кои се воведуваат со новиот Закон за инспекциски надзор

Целта на новиот Законот за инспекциски надзор е регулација на елементите на инспекцискиот надзор; дефинирање на статусот и прецизирање на улогата и надлежностите на Инспекцискиот совет; јасно утврдување на правата и обврските на субјектите на надзор; намалување на рестриктивноста и репресивноста како и на обврските на инспекциските служби кон Инспекцискиот совет; комплементарно регулирање на статусните прашања за инспекторите, поедноставување на постапката за лиценцирање на инспектор; воведување на нов концепт на инспекциски надзор преку планирање врз основа на процена на ризик; олеснувањето и поголема правна сигурност за субјектите на надзор (пред се од приватниот сектор) со воведување на унифицирани правила за надзор и задолжителност на листи за проверка при редовниот надзор и на крајот, надминување на неконзистентноста,слабостите и пропустите во текстот на поранешниот закон за инспекцики надзор. ЗА ТАА ЦЕЛ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С. ВЕ ПОКАНУВА НА ОБУКА НА ТЕМА:

НОВИНИТЕ  КОИ СЕ ВОВЕДУВААТ И ЦЕЛТА КОЈА  СЕ ОЧЕКУВА ДА СЕ ПОСТИГНЕ СО  НОВИОТ ЗАКОНОТ   ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

16.12.2019 год во просториите на Тренинг Центар ЦЕС-Скопје

Обуката е наменета за инспектори од инспекциските служби на Република Северна Македонија, адвокати, раководители на инспекциските служби од општините, инспекциски служби од министерствата. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите. Обуката ке се реализира  од страна на експерт- предавач  со долгогодишно работно практично искуство  Виш инспектор од државен управен инспекторат на Република Северна Македонија.

Главни теми кои ќе бидат презентирани се:

ТЕМА 1:Предмет на законот

            -Примена на законот

            -Општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје(новините кои ги опфаќаат овие институции)

Прецизно дефинирање на статусот, улогата и новите надлежности на Инспекцискиот совет.
Организација и раководење со инспекциските служби
Следење на работата на инспекциските служби

 

ТЕМА 2 :Проценка на ризик

            -Според степенот ризикот е низок, среден и висок

            -Проценката на ризик се прави при изготвување на годишен план за работа

Месечен план за инспекциски надзор
Извештај за работа на инспекциска служба
регистри и информациски систем за инспекциски надзор
Инспекциска евиденција

 

ТЕМА 3 :Статус и вработување на инспектор

Категории и нивоа на работни места за инспектори(категорија Б и В)
Звања на инспектори
Посебен услов за вработување на инспектор
Пополнување на работно место за инспектор(вработување, унапредување на работно место во повисоко ниво за ист вид на инспектор, превземање на инспектор  од една во друга инспекциски служба на работно место во иста категорија и ниво, превземање на административен службеник во инспекциска служба на работно место во иста категорија и ниво и распоредување на инспектор во иста  инспекциска служба на друго работно место на исто ниво за ист вид на инспектор)

 

ТЕМА 4:Лиценца за инспектор

Обука за стекнување со лиценца за инспектор(интерактивна и практична работа под надзор на ментор)
Испит за стекнување со лиценца за инспектор(општ и практичен дел)
Издавање и важност на лиценца за инспектор (трајна )
Одземање на лиценца за инспектор(начин и постапка за одземање на лиценца)
Службена легитимација и значка

 

ТЕМА 5 :Права и обврски на инспектор

Плата, надоместоци и додатоци на плата на инспектор
Стручно усовршување и обука на инспекторите
Индивидуален годишен план за стручно усовршување и обука на инспекторот
Награда за инспектор
Осигурување од несреќа при работа
Обврска за чување на тајна
Обврска за заштита на лични податоци
Одговорност на инспекторот

 

ТЕМА 6 :Учинок на инспектор

Управување со учинокот на инспектор(план за инспекциски надзор , други работни цели и задачи и индивидуален годишен план за стручно усоврѓување и обука на инспекторот)
Оценување на учинокот на инспектор(Најдоцна до 31 Јануари во тековна за предходна година)
Други работни цели и задачи на инспектор
Критериуми за успешност
Оценка за учинок на инспектор(А,Б,В,Г и Д)
Извештај за оценување на учинокот на инспектор(15 март во тековната до Инспекциски совет )

 

ТЕМА 7:Права и обврски на субјектот на инспекциски надзорот при вршење на инспекциски надзор

Право на субјектот на инспекциски надзор, Обврска на субјектот на инспекциски надзор (Активно учество во инспекциски надзор)

 

ТЕМА 8 :Начин и постапка на вршење инспекциски надзор

Цел на инспекциски надзор(превентивен не репресивен)
Коефициенти на сложеност на инспекциски надзор(Q1,Q2,Q3,Q4 и Q5)
Начин и постапка на спроведување на инспекциски надзор(четири фази –планирање, спроведување, затварање и документирање на инспекцискиот надзор)
Легитимирање на инспекторот(Должност на инсопекторот)

 

ТЕМА 9 :Видови на инспекциски надзор

1. Редовен инспекциски надзор

- Листа за проверка(Задолжителна)

2. Вонреден инспекциски надзор

- Иницијатива за инспекциски надзор

-Налог за вршење на единичен вонреден инспекциски надзор

- Налог за вршење на заеднички вонреден инспекциски надзор

- Одговорност за неспроведување на налог за инспекциски надзор

3. Контролен инспекциски надзор

4.Заеднички инспекциски надзор

5. Трошоци на инспекциски надзор

 

ТЕМА 10: Право на инспекторот при вршење на инспекциски надзор

Соработка со државни органи и други институции
Инспекциски надзор кај непознат субјект

 

ТЕМА 11:ИНСПЕКЦИСКИ АКТИ ОД НАДЗОР

Записник
Опомена и решение
Објавување на инспекциски акти

 

ТЕМА 12:Посебни дејствија во инспекциската постапка

Земање примерок
Постапка за земање на примерок

 

ТЕМА13:  Привремено одземање на предмети заради обезбедување на докази

 

ТЕМА 14: Односи на инспекциските служби и надлежните органи

Итна постапка

 

ТЕМА 15 :Прекршочни одредби

-Примена на Законот за започнати постапки

- Важност на лиценците за инспектор 

- Додаток на плата на инспектор

 

Обуката  ке се одржи во просториите на Тренинг центар ЦЕС на улица Огњан Прица 1-4/15-Скопје на Датум:  16.12.2019. За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

 

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници , Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 11.12.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

За сите дополнителни информации во врска со обуката слободно контактирајте не

Обуки

Pages